MotoGP

Педроса ја прекина победничката серија на Маркез

Одличната сезона за Маркез заврши! Дани Педроса се искачи на победничкото место на пиедесталот за прв пат по Малезија минатата година, и со тоа ја прекина победничката серија. Хорхе Лоренцо и Валентино Роси му се придружија на подиумот во Брно на Педроса.

Следете нè на:

 

Одличната сезона за Маркез заврши! Дани Педроса се искачи на победничкото место на пиедесталот за прв пат по Малезија минатата година, и со тоа ја прекина победничката серија. Хорхе Лоренцо и Валентино Роси му се придружија на подиумот во Брно на Педроса.

26pedrosa46rossi99lorenzo gp 8598 originalПедроса ја прекина победничката серија на Маркез, кој во Брно не успеа дури ни да се искачи на пиедесталот

Иако стартуваше од петтата позиција, Дани Педроса покажа дека е во најдобра форма избивајќи на првата позиција, а на крајот успеа да дојде и до победа, со предност од 0,4 секунди пред Лоренцо, пред 138.000 фанови. За Лоренцо ова беше трет последователен подиум, трката во Брно и за него беше одлична имајќи во предвид дека стартуваше од шестата позиција.

93marquez gp 3975 originalПроблем со сетапот на Honda RC213V за Маркез значеше и прекин на победничката серија

Валентино Роси прикажа одлично возење, на средината од трката имаше и дуел со Маркез кој го доби и така се избори за третата позиција.Роси дојде до седмиот финиш во топ три во 2014, а неговиот настап на Брно значеше и изедначување на рекордот на Алекс Барош за 245 настапи во кралската класа.

46rossi gp 4993 originalРоси покажа дека е во одлична форма

Четвртата позиција за Маркез воедно беше и негово прво пропуштање на церемонијата на доделување на наградите. Од почетокот на сезоната до сега тој победи на сите 10 трки, но 11-та му припадна на неговиот клубски колега, Дани Педроса.

29iannone gp 3881 originalАндреа Ианон со фантастично возење дојде до петтата позиција во Брно

Андреа Ианон имаше дуел со Марк Маркез на почетокот од трката, кога двајцата поранешни Мото2 ривали се судрија на два пати, за среќа без последици. На крајот Ианон заврши на петтата позиција, пред Андреа Довициозо.

Поз.БодовиБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 42'47.800
2 20 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +0.410
3 16 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +5.259
4 13 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda +10.454
5 11 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati +17.639
6 10 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +17.834
7 9 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda +23.819
8 8 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha +29.621
9 7 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +30.364
10 6 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda +37.639
11 5 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +55.604
12 4 51 Michele PIRRO ITA Ducati Team Ducati +56.727
13 3 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +56.908
14 2 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda +1'04.135
15 1 2 Leon CAMIER GBR Drive M7 Aspar Honda +1'04.902
16   15 Alex DE ANGELIS RSM NGM Forward Racing Forward Yamaha +1'20.666
17   8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia +1'24.282
18   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia +1'27.436
19   23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM +1'38.867
Без пласман
    9 Danilo PETRUCCI ITA Octo IodaRacing Team ART 2 круга
    35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 15 круга
    44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 16 круга
    70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM 16 круга
    68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati 17 круга

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!