Кога Дани Педроса зборуваше за тестовите за издржливост на моторот, односно за лимитот од 5 мотори кои ќе можат да се користат во една сезона, многу луѓе останаа помалку збунети.

mgp 2013 02 07 Sepang DaniPedrosa 1750

Кога Дани Педроса зборуваше за тестовите за издржливост на моторот, односно за лимитот од 5 мотори кои ќе можат да се користат во една сезона, многу луѓе останаа помалку збунети.

Промената од 6 на 5 мотори кои ќе може да се користат во една сезона, се чинеше дека ќе започне од 2014 година, барем така пишуваше на соопштението за печат на FIM објавено во Ноември минатата година.

На MotoGP правилникот на FIM, кој е достапен на нивната официјална страна пишува: “Бројот на мотори на располагање на секој возач е ограничен на 6 мотори во текот на целата сезона”.

Сепак,очигледно е дека тимовие знаеле дека тоа е поинаку.

„5 мотори ќе се користат од 2013 година. Поради тоа Дани Педроса ја тестираше издржливоста на моторот“, изјави портпаролот на Repsol Honda.

Oва го изјави Педроса во врска со намалувањето на бројот на моторите:

„Не е голема промена, но некои делови на моторот се подобри па затоа имате и поинакво чувство“

Дали ќе се промени најголемата брзина?

„Од она што го видов досега, би рекол не. Но, имаме еден мотор помалку, а како што поминуват трките, моторите се малку послаби“

Педроса го отфрли обвинението дека Honda  би можела да има предност поради помалиот број на мотори.

„Луѓето го зборуваат тоа откако беше донесено правилото“.

„Во изминативе две години Хорхе Лоренцо уништуваше по еден мотор секоја сезона. Еднаш во Германија и еднаш во Асен, па возеше со 5 мотори“.

„Затоа мислам дека тоа не е голем фактор“.

Возачот на Ducati, Ники Хејдн, исто така изјави дека промената е мала- но само во теорија и може да стане могу значајна доколку изгубите нов мотор.

„Промената на бројот на моторите не прави голема разлика. 2011 година ја извозев со 5 мотори бидејќи изгубив еден мотор на почетокот на сезоната. Но затоа понатаму бевме повнимателни“, изјави светскиот шампион од 2006 година.

„Нема да почувствувате голема промена доколку немате некаков проблем. Со 6 мотори е полесно доколку имате некаков проблем. Но нивната сила ќе се намали со текот на времето и вие ќе ги користите тие мотори за вежбање“.

Back To Top