„Тимот работеше напорно за да бидеме во форма пред стартот на сезоната, а јас сум задоволен од мојата физичка кондиција” - Дани Педроса

pedrosa-2

„Тимот работеше напорно за да бидеме во форма пред стартот на сезоната, а јас сум задоволен од мојата физичка кондиција” - Дани Педроса

Откако му се урна надежта за освојување на неговата прва шампионската титула на претпоследната  трка од минатата сезона, Дани Педроса планира да ја превземе иницијативата уште на стартот на новата сезона.

Минатата година, во првите седум трки тој шест пати се најде на подиумот, но дури во осмата трка ја извојува првата победа откако Honda  ја претстави новата ревидирана шасија.

Но за тоа време, возачот на Yamaha Хорхе Лоренцо, веќе имаше остварено четири победи. Тие екстра поени во комбинација со низата од втори места му помогнаа да го помине Педроса во вториот дел од сезоната.

Но сепак, 2012 беше најдобрата сезона на Дани Педроса во MotoGP, остварувајќи седум победи и 15 места на подиумот.

„После долг период поминат во тестирање, јас сум навистина подготвен за натпреварување,“ изјави Педроса. „Тимот работеше напорно за да бидеме во форма пред стартот на сезоната, а јас сум задоволен од мојата физичка состојба.“

„Ќе биде долг викендот во Катар. Ќе ни биде потребно малку време за да се прилагодиме на условите.“

Ова ќе биде осма сезона за Педроса во Премиерната класа. Една нова промена ќе биде нокаут квалификациониот систем кој за прв пат ќе почне да се применува од Сабота.

„Ќе биде интересно да се види како ќе функционира новиот квлификациски систем. Со нетрпение чекам да почне новата сезона.“

Педроса, кој има нов тимски колега оваа сезона, заврши на второто место во Лосали минатата сезона.

Back To Top