Новиот возач на Movistar Yamaha MotoGP, Маверик Вињалес го освои првото место и на вториот и последен ден тестирање во Валенсија

Маверик Вињалес одлично се вклопува во својот нов дом. Тој имаше одлично деби откако постигна најдобро време и на двата дена тестирање на патеката во Валенсија. Времето од 1:29.975 му овозможи на поранешниот шампион во Moto3 да се искачи на врвот по извозени 66 кругови на вториот ден од тестирањето.

 gp 3965 0 0.big

Неговиот тимски колега Валентино Роси се најде малку подолу на табелата откако извозе 45 кругови. 9 кратниот светски шампион имаше најдобро време од 1:30.709. Следниот тест за возачите на Yamaha ќе се оддржи во Малезија, на патеката во Сепанг, за разлика од останатите тимови кои следната недела ќе тестираат на патеката во Херез.

Тимот на Repsol Honda тестираше неколку различни комбинаторики на моторот и рамката. Нивниот возач и актуелен светски шампион, Марк Маркез, падна помеѓу свиокот број 1 и свиокот број 2.  Маркез вкупно извозе 58 круга а најдоброто време што го постигна му беше 1:30.171 со што се најде на второто место.

Дани Педроса малку подоцна излезе на патеката за разлика од неговиот колега Маркез.Тој се уште заздравува од повредата со која се здоби на патеката во Мотеги. Педроса тестот го заврши со време од 1:30.686, кое е за половина секунда побавно од времето кое го постигна неговиот тимски колега.

 gp 0920 2.middle

Хорхе Лоренцо повторно прв се најде на патеката. Ова беше уште еден позитивен ден за Шпанецот во неговиот нов тим. Тој заостана само 0.035 секунди зад неговиот поранешен тимски колега Валентино Роси. Најдоброто време на Лоренцо беше 1:30.744 и извозе многу повеќе кругови на новиот мотоцикл за разлика од тестот во вторникот. Тој извозе најмногу кругови за да собере што е можно повеќе информации за новиот мотоцикл бидејќи нема да може да настапи на тестот во Херез кој ќе се оддржи следната недела.

Андреа Довициозо беше најдбриот возач на Ducati на вториот ден од тестирањата. Тој извозе 61 круг и постигна најдобро време од 1:30.443 кое му овозможи да се најде на третото место на табелата. Победникот од трката во Сепанг ги тестираше машините од 2016 и 2017 година. Исто како и Лоренцо, и тој ќе го пропушти тестот во Херез на кој ќе настапат тест возачите на Ducati.

Возачите на Suzuki Ecstar, Андреа Јанон и Алекс Ринс, имаа малку поразличен втор ден. И двајцата возачи паднаа а поради нив на патеката се појави и црвеното знаме. Откако се врати на патеката, Јанон успеа да извози 47 круга и постигна време од 1:30.599 кое пак му овозможи да се најде на четвртото место.

 gp 3862.middle

Алекс Ринс падна само неколку минути пред неговиот тимски колега. За разлика од Јанон, тој мораше да замине во болница за дополнителни испитувања. Според првичните извештаи, тој има повреда на грбот и најверојатно ќе отсуствува еден месец од патеката.

Кал Кратчлоу беше најбрзиот независен возач и постигна време од 1:30.709. Членот на LCR овој пат успеа да остане на патеката и собра доволно информации за својот тим.

Возачот на Aprilia Racing Team Gresini, Алекс Еспаргаро, импресиоираше на вториот ден со својот тим. Тој се најде на деветото место на табелата и постигна најдобро време од 1:30.885. Неговиот тимски колега Сем Ловс го пропушти вториот тренинг откако на првиот излета од патеката. Но, тој ќе биде подготвен за тестот во Херез следната недела.

 gp 3886.middle

Новите колеги од  тимот на Monster Yamaha Tech 3, Јонас Фолгер и Јохан Зарко, имаа импресивен втор ден. На крајот, Фолгер беше за 0.067 подобар од неговиот тимски колега. Двоецот извозе 62 односно 55 круга и ќе му се приклучат на Mosvistar Yamaha на тестот во Сепанг.

Тимот Estrella Galicia 0,0 Marc VDS настапи со подобрена шасија – онаа која ја користеше Кал Кратчлоу од трката во Силверстоун па се до крајот на шампионатот. Џек Милер постигна најдобро време од 1:31.069 и се најде на дванаесетото место на табелата, а Тито Рабат, кој постигна време од 1:31.918 на крајот заврши како осумнаесетти.

 gp 4235.middle

Алваро Баутиста од Pull&Bear Aspar на вториот ден од тестирањето заврши на четиринаесетото место со време од 1:31.186 и со извозени 69 кругови. Неговиот тимски колега Карл Абрахам, кој настапи со моделот на Ducati од 2015 година, мораше предвреме да го заврши тестирањето поради проблеми со електрониката.

Возачот на Octo Pramac Yakhnich, Скот Рединг, постигна најдобро време од 1:31.118. И покрај тоа што падна, тој сепак на крајот успеа да заврши на тринаесетото место. Неговиот привремен тимски колега, Микеле Пиро, кој го заменува Данило Петручи, заврши како шеснаесети. Хектор Барбера од Avintia Racing ги комплетираше првите петнаесет возачи и постигна време од 1:31.244. Најдоброто време кое го постигна неговиот тимски колега Лорис Баз пак изнесуваше 1:32.161.

 gp 4557.middle

Возачите на КТМ, Пол Еспаргаро и Бредли Смит, комплетираа уште еден тест со новиот мотоцикл на Австриската компанија. Еспаргаро постигна најдобро време од 1:31.833 и беше за 1.8 секунди побавен од Вињалес. На крајот на денот, тој се најде на седумнаесетото место. Смит, кој падна попладнето, на крајот се најде на дваесетото место.

Пред да започне зимската забрана за тестови, патеките во Шпанија и Сепанг ќе бидат местата каде што возачите ќе можат да ги испробаат своите мотоцикли. Потоа, сите екипи ќе заминат во Малезија каде што на 31-ви јануари ќе се оддржи првиот официјален тест од новата сезона.  

Back To Top