motori doviziosoСо денешното официјално соопштение од тимот на Дукати се комплетираа трансферите на шесте возачи во фабричките тимови на МотоГП шампионатот за 2013 година.

dovizioso

Со денешното официјално соопштение од тимот на Дукати се комплетираа трансферите на шесте возачи во фабричките тимови на МотоГП шампионатот за 2013 година.

Како што најавивме веднаш по потпишувањето на Валентино Роси за тимот на Јамаха, празното место во Дукати следната година ќе го пополни Андреа Довициозо.

„Со големо задоволство му посакувам добредојде на Андреа, кој треба да ги продолжи нашите напори за подобро учество во МотоГП шампионатот.“ - изјави претседателот на Дукати, Габриеле Дел Торчио.

„Заедно со Ники Хејден кој веќе го продолжи договорот со нас, уверени сме дека сме на вистинската патека која ја имаме зацртано. Ќе продолжиме да се натпреваруваме и да ги добиваме резултатите за кои се бориме, заедно со нашите пријатели, спонзори и фановите кои никогаш не престанаа да веруваат во нас.“

„Задоволен сум што тој одбра да биде дел од нашиот тим. Тој е свесен што го очекува, и веднаш пристапи со самодоверба и ентузијазам, а тоа е она што е потребно за успешен настап и резултати во МотоГП.“

Back To Top