Младиот Шпанец во петнаесетиот круг се обиде да го претекне и Маркез, што само претставува уште една потврда за неговата желба да го врати GSX-RR назад на подиумот.

Алекс Ринс, кој стартуваше од вториот ред, имаше добар старт на трката, а наскоро му се приклучи и Андреа Ианоне, кој исто така добро напредуваше и покрај тоа што стартуваше од деветата позиција.

Двоецот започна да се меша со најдобрите возачи, а како што трката се приближуваше до својот крај, Ринс притисна уште повеќе, претекна неколку возачи и дојде до место кое носи на подиумот.

mgp8alex rinsr7

Младиот Шпанец во петнаесетиот круг се обиде да го претекне и Маркез, што само претставува уште една потврда за неговата желба да го врати GSX-RR назад на подиумот. Во последните неколку круга тој повторно притисна и пред последниот свиок успеа да го претекне Вињалес. Во меѓувреме, Ианоне успеа да остане меѓу најдобрите 10 возачи на патеката. Сепак, казната од 2 секунди која ја доби значеше дека на крајот ќе мора да се задоволи со единаесетата позиција.

Кен Каваучи – Технички директор

„Ова беше неверојатна трка. Утрово Алекс не се чувствуваше добро. И покрај тоа што се надевав дека ќе има добра трка, не можев ни да замислам дека ќе го освои второто место. Андреа имаше добро темпо, особено на квалификациите, но тоа не беше исто за време на трката. Овој проблем го имаме  во последните неколку трки и мораме да го решиме. Досега неколку пати се искачуваме на подиумот, имаме неколку трети и втори места. Сега треба да се обидеме и да постигнеме победа.“

Давиде Бривио - Тимски Менаџер

„Секако дека уживавме во трката. Беше одлично да се гледа Алекс како се бори со најдобрите возачи. Навистина ми се допадна неговиот дух, тоа што се бореше до крајот на трката и што во последниот круг успеа да дојде до втората позиција. Асен е тешка патека и многу лесно може да дојде до некаква грешка. Неколку возачи направија грешки но не и Алекс. Ова е возачот кој што сакаме да го гледаме секоја недела. За жал Андреа не можеше да има добра трка. Имаше проблеми особено со задното тркало. На почетокот на трката и тој се наоѓаше меѓу најдобрите возачи, но за жал, и покрај доброто темпо, не можеше докрај да се носи со нив. Се надевам дека на следната трка и двајцата возачи ќе бидат брзи. Во секој случај, задоволни сме со местото на подиумот.“

mgp8rinsextra podiumr3

Алекс Ринс

„Утрово воопшто не се чувствував добро. Имав проблеми со стомакот. Но докторите ми дадоа апче и ги снема болките. Морам да им се заблагодарам бидејќи кога се почувствував подобро си помислив дека ова би можело да биде моја трка. Имаше многу претекнувања и секогаш се обидував да притиснам до крај и да останам со другите возачи. Се чувствував многу добро на мотоциклот, сите сакаме да се подобриме и да победуваме. Уште од трката во Катар имаме навистина компетитивен мотоцикл но успеавме да промениме неколку работи и дополнително да ја зголемиме неговата моќност. Се надевам дека и на следните трки ќе успееме да останеме на врвот. Во моментов се чувствувам навистина самоуверено. “

Андреа Ианоне

„Ова беше помалку тешка трка. Уште од самиот старт имав проблем со мотоциклот, но заедно со механичарите ќе се обидеме да го решиме проблемот. Веќе пробавме неколку опции но нема да се откажеме се додека не го најдеме најдоброто решение. Имаме добро темпо но мора да направиме тоа да трае подолго, низ целата трка. Денеска постојано возев на лимитот и поради тоа направив грешка. Но такви работи се случуваат во тркањето. Навистина сум среќен поради Алекс, тој имаше навистина добра трка и го покажа целиот наш потенцијал. Се надевам дека наскоро и јас ќе можам да го направам истото. Денеска мојата брзина беше добра и долго време се наоѓав меѓу најдобрите возачи. Нашата цел за трката во Заксенринг е уште повеќе да напредуваме и да бидеме што е можно поблиску до врвот. “

Back To Top