Тој стартуваше од  десетата позиција и после само три круга се најде на петнаесетото место. Но, за кратко време тој успеа да ги престигне возачите пред него, и на седум круга до крајот на трката, тој се најде на првото место.

Кал Кратчлоу немаше никаква конкуренција на трката која се оддржа во република Чешка во тешки услови. Тој ја постигна својата прва победа, но исто така прва и својот тим, LCR Honda, во MotoGP класата. Со тоа, тој стана првиот Британски возач после 35 години кој остварил победа во премиерната класа.  Пред него тоа го направи Бери Шин на трката која се возеше во Шведска во 1981 година.

35 cal crutchlow engunknown 1.gallery full top fullscreen

И покрај лошото време, врнеше дожд се до почетокот на трката, Кратчлоу и неговиот  тим ризикуваа и возеа со две тврди гуми. Покрај него, само уште еден возач возеше со две тврди гуми. И покрај слабиот старт, таквата комбинација на крајот се покажа како исправна.

Тој стартуваше од  десетата позиција и после само три круга се најде на петнаесетото место. Но, за кратко време тој успеа да ги престигне возачите пред него, и на седум круга до крајот на трката, тој се најде на првото место. На крајот, Британецот заврши со предност од седум секунди зад најблискиот ривал Валентино Роси.

Оваа победа не можеше да дојде во подобар момент за Кратчлоу. Пред две недели тој за прв пат стана татко, а следната трка ќе ја вози на домашен терен, во Силверстоун.

„Оваа победа ми значи многу. Мислев дека чувството ќе биде поинакво, но откако станав татко за прв пат пред две недели, ништо не може да се спореди со тоа. Немојте да ме сфатите погрешно, неколку години немам постигнато победа, можеби шест или седум, и поради тоа навистина сум среќен.“

„Задоволен сум што сум првиот Британски возач кој остварил победа после долг период и покрај проблемите со кои се соочував. Исто така среќен сум и за мојот тим, LCR Honda, бидејќи вчера уништив еден мотоцикл и тие работеа до доцна во ноќта за да го подготват. Тие никогаш не се откажаа и среќен сум што им се оддолжив со оваа победа.“

„Со нетрпение ја очекував победата и бев смирен во последниот круг. Знаев дека го имам вистинскиот избор на пневматици и можев да притиснам кога требаше тоа да се направи. Пресреќен сум.“ 

Back To Top