Во неговиот последен официјален текст за boxrepsol.com за 2015 година, Марк одговори на неколку прашања од фановите

mmblog.big

Не сакав да си заминам без да ви одговорам на неколкуте прашања што ми ги поставивте во изминативе неколку дена.

Во неговиот последен официјален текст за boxrepsol.com за 2015 година, Марк одговори на неколку прашања од фановите:

Здраво на сите,

Денеска морам да ви кажам збогум на сите вас до следната година. Ова беше сезона исполнета со многу емоции, и искрено сум ви благодарен што бевте покрај мене во текот на целата година. Како што веќе знаете, минатата недела имавме три теста кои беа од големо значење за нас.  Работевме без прекин цели денови и дознавме неколку интересни информации кои ќе можеме да им ги дадеме на нашите колеги во HRC.

Имаме голем потенцијал, но се уште не чека многу работа. Honda, повторно ќе работи напорно и убеден сум дека на патеката во Сепанг ќе покажеме големо подобрување.

Но, сега е време за малку одмор. Не сакав да си заминам без да ви одговорам на неколку од прашањата што ми ги поставивте изминативе неколку дена. Се надевам дека сите ќе имате убава зима и дека добро ќе се одморите.

Прашања на неделата

Кога реши да ја задржиш мравката како твој симбол на кацигата? На која трка се случи тоа?

- Тоа беше во 2012 година на MotoGP2 трката во Каталуња. Подоцна одлучив дека мојата кацига може да биде таква.

Со кого обично вечераш на божиќ?

-Јадам со мојата фамилија. Со моите родители, мојот брат, моите дедо и баба и со сите мои роднини. Навистина не има многу!

Кој актер би сакал да те глуми во некој филм и зошто?

-Не знам. Мислам дека не го заслужувам тоа, но благодарам на прашањето.

Кој или што би земал со себе на остров за да имаш одличен одмор?

-Дефинитивно мојот брат, личноста која ја познавам најдобро. Тој е мојот најдобар пријател. Можеме да земеме и велосипеди и една торба со работи кои ни се потребни за да преживееме.

Што ти остави најголем впечаток од искуството со децата во Allianz Motor кампот? Дали се потсети кога беше дете?

-Тоа беше неверојатно искуство. Навистина не го очекував тоа. Прекрасно си поминав со децата, и се надевам дека ќе можам уште многу пати да го сторам тоа во иднина. Навистина сум среќен кога гледам деца од целиот свет како се забавуваат и учат во исто време.

Кое ти е омилено јадење и што ти се допаѓа најмалку од сите работи што си ги пробал?

-Навистина сакам ориз. Едно од омилените работи ми е супата од ориз што ја прави мојата мајка.

Ви посакувам се најдобро,
Марк

Back To Top