MotoGP

Објавен распоредот за MotoE 2019 Светскиот Куп

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Следете нè на:

 

FIM е подготвена на оваа серија со електрични мотоцикли да и даде уште една шанса. Овој пат, тие и дадоа задача на Dorna (која ги има медиусмките права за MotoGP и WorldSBK) да се справи со сите детали.

FIM Enel MotoE World Cup Energica Ego race bike 04 copy

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата. Овие тимови ќе се натпреваруваат со Energica Evo Corse електричен супербајк кој пак е многу сличен со уличната верзија.

Сѐ уште не знаеме кои се возачите кои ќе настапат со оваа машина која развива 160 коњски сили, но воопшто не се сомневаме дека таа ќе биде интересна за публиката.

За време на трката во Арагон очекуваме да ги знаеме и имињата на возачите. Она што во моментов го знаеме е распоредот на трките. 2019 MotoE Свесткиот Куп ќе се оддржи во Херез, Ле Ман, Захсенринг, Шпилберг и Мизано.

Распоредот за 2019 MotoE Светскиот Куп:

5-ти Мај, Херез, Шпанија

19-ти Мај, Лен Ман, Франција

7-ми Јули, Захсенринг, Германија

11-ти Август, Шпилберг Австрија

15-ти Септември, Мизано, Сан Марино

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.