Стартот на новата сезона на MotoGP ќе го означи и почетокот на новиот нокаут квалификациски систем.

r1 preview

Стартот на новата сезона на MotoGP ќе го означи и почетокот на новиот нокаут квалификациски систем.

Тој ќе функционира на следниов начин:

Првите десет најбрзи возачи од трите слободни сесии автоматски ќе добијат место во вториот и последен дел од квалификациите.

Останатите возачи ќе учествуваат во првата квалификациска сесија (Q1), а само најбрзите двајца ќе учествуваат во втората квалификациска сесија (Q2)

Првите дванаесет места на патеката ќе бидат одлучени за време на втората квалификациска сесија.  Останатите возачи ќе бидат распоредени во зависност од резултатите постигнати на првата квалификациска сесија.

Ќе има нова 30 минутна слободна сесија пред двете квалификациски рунди. Квалификациите во Moto3 и Moto2 класите ќе останат непроменети.

Распоредот на патеката можете да го видите подолу:

Четврток:
17:00-17:40 Moto3 Слободен тренинг 1
17:55-18:40 Moto2 Слободен тренинг 1
18:55-19:40 MotoGP Слободен тренинг 1
19:55-20:35 Moto3 Слободен тренинг 2
20:50-21:35 Moto2 Слободен тренинг 2

Петок:
17:00-17:45 MotoGP Слободен тренинг 2
18:00-18:40 Moto3 Слободен тренинг 3
18:55-19:40 Moto2 Слободен тренинг 3
19:55-20:40 MotoGP Слободен тренинг 3

Сабота:
17:00-17:40 Moto3 Квалификации
17:55-18:40 Moto2 Квалификации
18:55-19:25 MotoGP Слободен тренинг 4 - ново за 2013
19:35-19:50 MotoGP Квалификации 1 - ново за 2013
20:00-20:15 MotoGP Квалификации 2 - ново за 2013
20:40-21:00 Moto3 Загревање
21:15-21:35 Moto2 Загревање

Недела:
17:00-17:20 MotoGP Загревање
18:00 Moto3 Трка (18 круга)
19:20 Moto2 Трка (20 круга)
21:00 MotoGP Трка (22 круга)

SportKlub каналот ќе ги пренесува во живо сите возбудувања почнувајќи од четврток со првиот тренинг па се до трката во недела.

 

Back To Top