И покрај разговорите за проширување на MotoGP на нови пазари во Јужна Америка и на Далечниот Исток со цел да се оствари поголем профит од растечкиот моторциклистички пазар, Dorna и понатаму останува сконцентрирана повеќе на Европа.

Main-Aerial---Populous 

Објектот ќе може да биде домаќин на MotoGP, World Superbikes и World Touring Car, но исто така ќе има технолошки парк, картинг патека, хотел и врвна академија за развој на возачи од цела Европа.

И покрај разговорите за проширување на MotoGP на нови пазари во Јужна Америка и на Далечниот Исток со цел да се оствари поголем профит од растечкиот моторциклистички пазар, Dorna и понатаму останува сконцентрирана повеќе на Европа. Тоа може да се забележи и од посетата на Кармело Ецпелета на Велс за каде што се планира изградба на нова патека.

Објектот вреден 300 милиони евра ќе има 5,6 километри долга патека која ќе биде изградена според FIM  и FIA стандардите. Доколку добијат одобрение, изградбата ќе започне во јули оваа година, а консултант на проектот ќе биде Супербајк возачот Леон Хаслам.

Објектот ќе може да биде домаќин на MotoGP, World Superbikes и World Touring Car, но исто така ќе има технолошки парк, картинг патека, хотел и врвна академија за развој на возачи од цела Европа. Пресметките се дека објектот ќе носи по 3 милиони евра по настан на локалната економија и дека ќе отвори 9000 работни места.

Ова е фантастично. Мислам дека ова е многу,многу важна програма за MotoGP и за мотоспортот воопшто. Добро е за регионот и добро е за населението. Луѓето зад проектот ја имаат нашата подршка и ќе обезбедиме се што им е потребно. Работевме и досега со нив и така и ќе продолжиме. Повеќе од среќни сме со оваа програма.изјави Ецпелета кој додаде дека трката во Велс би можела да се вози најдоцна до 2015 година.
Back To Top