29
Чет, Јун
MotoGP

Ники Хејдн потврди дека нема да вози за Дукати во 2014 година

За време на првата прес конференција во Лагуна Сека, Ники Хејдн потврди дека нема да вози за Дукати во MotoGP во 2014 година.

Следете нè на:

 

motogp-2013-sachsenring-sabato-19-620x350Се шпекулира дека Американецот има понуди во WSBK шампионатот.

За време на првата прес конференција во Лагуна Сека, Ники Хејдн потврди дека нема да вози за Дукати во MotoGP во 2014 година.

Бидејќи има многу малку опции во премиерната класа, Светскиот Шампион од 2006 година размислува да премине во Светскиот Супербајк шампионат. Тој имал понуди од Дукати и од BMW.

„Нема да возам за Дукати во MotoGP следната сезона. Сеуште незнам што ќе правам. Имам неколку интересни опции,“ изјави Хејдн. „Не сум сигурен дека Репсол Хонда ќе тропнат на мојата врата. Се разбира дека сакам да останам во MotoGP, но мора да видам кои ми се опциите.“

Бидејќи местото на Хејдн сега е слободно, очекуваме до крајот на викендот да дознаеме кој ќе го замени во 2014 година.

Кој мисли дека Кал Кратчлоу ќе му се придружи на поранешниот тимски колега од Јамаха Тек 3?

 

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!