Ништо не се случи на пресконференцијата во Катар, но и двајцата возачи го кажаа своето мислење за настаните во 2015

Ако некој си помисли дека Валентино Роси и Марк Маркез би можеле да се смират пред стартот на шампионатот, тогаш грешат. Она што се случи на прес конференцијата која се оддржа пред трката во Катар, е токму спротивното... Всушност, не се случи токму за време на прес конференцијата.

Очекувањата беа големи за првата официјална средба меѓу Роси и Маркез. Луѓето сакаа да видат каков е нивниот однос по судирот минатата година на патеката во Валенсија, каде, како што веќе знаете, Италијанскиот возач ги обвини Маркез и Хорхе Лоренцо дека работат против него. Маркез бил со намера да го спречи Роси да го освои шампионатот, а Лоренцо да стане победник.

rosi markez nema mir

Во интервју за италијанскиот спортски весник, „Gazzetta del Sport “, Роси изјави дека не му простил на Маркез и додаде дека Маркез го предал.

Роси и Маркез се однесуваа соодветно пред камерите.  Тие не се поздравија ниту пак имаа некаква комуникација. Тие постојано се игнорираа и зборуваа само кога новинарите ги прашаа за проблемите од минатата сезона.

„Задоволен сум со тоа што го направив“ изјави Роси. „Минатата година се случи нешто што е различно од нормалното. Но тоа беше минатата сезона.“

„Со тоа што постојано повторува една иста работа, на крај ќе успее да ме убеди“ низ смеа зборуваше Маркез. „Тој изјави дека сум го предал. Прашајте го што мисли со тоа. Не сакам повеќе да зборувам на таа тема. Фокусиран сум на оваа сезона. Оваа година сакам да се борам за титулата и затоа морам да внимавам на сите возачи на патеката, а не само на некои од нив“ изјави Маркез.

Back To Top