Иако надлежните на трката во Муџело веднаш по сударот на Алваро Баутиста и Валентино Роси најавија истрага, на крајот случајот е затворен како „тркачки инцидент“ без казна за Баутиста.

big screenshot-149-620x350

Иако надлежните на трката во Муџело веднаш по сударот на Алваро Баутиста и Валентино Роси најавија истрага, на крајот случајот е затворен како „тркачки инцидент“ без казна за Баутиста.

При излезот од свиокот „Poggio Secco“, Баутиста влезе од внатрешната страна, а Роси го заобиколи од надворешната, иако Докторот беше пред него, Баутиста на излезот од кривината удри во Јамахата при што неговиот мотор веднаш падна, а Роси успеа уште неколку метри да се задржи на моторот за потоа заедно да излетаат во заштитниот ѕид.

За фановите на Роси ова беше вистински кошмар, пад во првиот круг на неговата домашна патека на која од 80.000 фанови повеќе од половината навиваат за него беше навистина лошо. За среќа и двајцата возачи излегоа неповредени од падот, па можат да ја продолжат борбата за бодови за две недели кога продолжува шампионатот.

Роси на крајот сепак му прости на Баутиста, изјави дека не верува дека шпанецот го направил тоа намерно и дека најверојатно не го видел при излезот од кривината.

Back To Top