Само една недела пред почетокот на шампионатот тимот на Арпилија во МотоГП објави дека потпишале партнерски договор за соработка со светски познатиот производител на моторни масла Мотул.

19 Melandri Bautista

Само една недела пред почетокот на шампионатот тимот на Арпилија во МотоГП објави дека потпишале партнерски договор за соработка со светски познатиот производител на моторни масла Мотул.

Тимот ќе ја користи фабричката линија на моторното масло Мотул како и средствата за одржување на мотоцикли од програмата на Мотул.

Дека не станува збор за договор „преку ноќ“ говори и фактот што Априлија оваа сезона ќе користи посебно моторно масло изработено од страна на Мотул за потребите на новиот агрегат на Aprilia RS-GP. Новото партнерство доаѓа како резултат на соработката која Мотул ја имаше со Априлија во Супербајк шампионатот од 2012 година. Во меѓувреме во Супербајк тимот на Априлија прерасна во вистинска сила, притоа освојувајќи 7 Светски титули во 5 сезони. Тимот на Априлија покрај WSBK и Superstock годинава ќе влезе и во MotoGP шампионатот, една година пред планот.

Да потсетиме, за тимот на Априлија годинава во МотоГП ќе возат Марко Меландри и Алваро Баутиста.

Back To Top