Првиот ден од слободните тренинзи на патеката Сепанг пред трката за ГН на Малезија помина во знакот на Хорхе Лоренцо.

99 lorenzo gp 3514 0.big

Првиот ден од слободните тренинзи на патеката Сепанг пред трката за ГН на Малезија помина во знакот на Хорхе Лоренцо.

По завршените два тренинга на патеката Сепанг Хорхе Лоренцо ја предводи листата со време од 2'00.246. Иако неговиот резултат не е далеку пред конкуренцијата (Дани Педроса е зад него со заостанување од само 0.047) сепак е важен за играта помеѓу него и Роси. „Докторот“ на прес конференцијата пред трката го привлече вниманието на светската јавност со изјавата дека Марк Маркез му помага на Хорхе Лоренцо. Лоренцо по првиот ден му возвраќа на Роси со најдобро време на патеката во моменти кога Роси е петти.

Возачите на Хонда исто така имаа успешни тренинзи, Дани Педроса беше најбрз на FP1, а втор на FP2, но заради подоброто комбинирано време водечки на листата во моментот е Лоренцо. Марк Маркез е трет со заостанување од +0.226 зад Лоренцо, а на четвртата позиција се најде Андреа Јанон.

Времињата од првите тренинзи секако наговестуваат одлична трка во недела, играта со зборови на Роси додаде дополнителна тензија па останува само да се наспиеме добро за да можеме да ги проследиме ноќните сесии.

Сабота (24.10.2015) - SportKLub 1

03:00 Тренинг 3 Moto 3 во живо
03:55 Тренинг 3 Moto GP во живо
04:55 Тренинг 3 Moto 2 во живо
06:35 Квалификации Moto 3 во живо
07:30 Тренинг 4 Moto GP во живо
08:10 Квалификации Moto GP во живо
09:05 Квалификации Moto 2 во живо

За комбинираните времиња од Сепанг кликнете овде.

Back To Top