На тестот во Катар Ducati го претстави најрадикалниот од новата генерација на MotoGP додатоџи. Техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ е единственото лице кое одлучува како може да изгледаат новите додатоци.

„Го немав видено додатокот на Ducati се додека не беше употребен на патеката во Катар. Оттогаш сум во контакт со Ducati и тие ми пратија некои детали, но се уште немам официјално потврдено дали ќе одговараат. Од она што можам да го видам се чини дека се е во ред.“

dukati plastiki 2

На тестот во Катар Ducati го претстави најрадикалниот од новата генерација на MotoGP додатоци.

Техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ е единственото лице кое одлучува како може да изгледаат новите додатоци.

„Технички, производителот нема потреба да ми го покажува додатокот се до трката во Катар,“ изјави неодамна Олдриџ. „Но на сите производители им препорачав да ми ги покажат претходно, бидејќи ако се појават со нив на стартот во Катар, а јас мислам дека не се во ред, тогаш имаме проблем.“

Олдриџ го немаше видено додатокот на Ducati претходно и вели дека се уште не може да даде конечна оценка. Но од она што досега го знае, вели дека не е загрижен поради дизајнот. Нашите пријатели од Crash.net направија интервју со Дени кое ви го пренесуваме во целост:

Пред да разговараме за додатокот на Ducati, со ангичанецот зборувавме за тоа колку верзии од додатоците се дозволени со новите правила.

markez losail 17

Crash.net: Дени, на тестот во Катар Honda испроба додаток со интегрирани крилца кои се наоѓаа по страните на мотоциклот но исто така имаа и нешто што изгледаше како нормалните крилца. Дали е возможно да се вози со двете?

Дени Олдриџ: Да ве вратам малку наназад. Сите тимови имаа право да настапат со додатоци – но без крилца – на патеката во Валенсија. Додатокот мора да биде потполно ист во секој поглед. Тука не е вклучен тимот на КТМ бидејќи како нов производител тие имаат право да го подобруваат својот аеродинамичен пакет во текот на сезоната.

„Пред да заврши техничката контрола во Катар, тимовите мора да ги пријават додатоците за сезоната 2017. Браникот е составен од еден дел но главниот додаток може да биде направен од многу делови. Според правилата, можеш да менуваш делови од додатокот. Можеш да го одобриш целиот додаток и потоа можеш да ги менуваш деловите од кои е составен. “

„Тоа значи дека ако ги дизајнираат додатоците на овој начин, тие ќе можат да ги менуваат деловите кои содржат аеродинамични компоненти. Можат да одберат што сакаат да користат, а што не сакаат. Истото се однесува и на обичните работи како што се штитниците за рацете.“

suzuki plastiki

Crash.net: Од додатоците кои ги видовме досега,кој мислите дека е сличен со оној на Honda?

Дени Олдриџ: „Од она што досега го имам видено, додатокот на Yamaha изгледа целосен. Мислам дека можат да го менуваат обликот и бројот на внатрешни делови.“

„Кај Suzuki, зависи од тоа како ќе го фиксираат додатокот на шасијата. Ако го направат како еден дел тогаш нема да можат да го тргнат. “

„Ако кај Yamaha и Suzuki јаглеродните влакна се интегрирани во еден дел, тогаш нема да може да прават промени. Во Катар ќе одлучам кои делови можат да се менуваат а кои остануваат исти во текот на целата сезона.“

Crash.net: Бидејќи се уште ништо не е официјално, кои од додатоците кои досега ги имате погледнато имаат добиено одобрение?

Дени Олдриџ: „Ги видов Yamaha и Suzuki. За жал првите Moto2 и Moto3 тестови се оддржаа во исто време со тестот во Катар. Секогаш се појавувам на првиот тест во секоја категорија бидејќи тимовите имаат многу прашања. Се до тестот во Катар го немав видено додатокот на  Ducati. Но оттогаш сум во контакт со нив и ми пратија неколку детали. Засега не гледам никаков проблем.“

„Накратко да ви објаснам што барам: Ако го погледнете додатокот на Ducati и ако ги пополните сите празнини, тој ќе изгледа само како еден голем додаток. Можеби ќе кажете дека тој е сега поиспакнат но тие отсекогаш биле такви поради заштита на рацете. Сега само повеќе имаат форма на квадрат.“

„Затоа не сум премногу загрижен поради Ducati. Но се чини дека го имаат фиксирано нивниот дизајн што значи дека нема да можат да ги менуваат внатрешните крилца. Или пак да прават како Honda и да го вадат и стават целиот аеро сектор во зависно од потребите. Додатокот на Ducati изгледа како еден комплетен дел.“

dukati plastiki

Crash.net: Генерално, кога го оценувате додатокот, мора да го замислите како еден целосен дел кој нема дупки?

Дени Олдриџ: „Да, бидејќи според правилата јас го контролорам само надворешниот изглед.Од моја страна, како технички директор, не можам да ги контролирам дупките кои ги има. Ако го погледнете додатокот на Ducati и ако ги пополните сите празнини, тогаш тој не изгледа толку радикален. Тоа е  еден начин на кој гледам на работите.“

Crash.net: Можно ли е некои возачи на сателитски тимови да немаат додатоци на трката во Катар?

Дени Олдриџ: Ако го земеме Ducati како пример бидејќи тие имаат најмногу мотоцикли, може да одлучат да го одобрат додатокот само за фабричкиот тим и, да кажеме, за тимот Pramac. Останатите сателитски тимови може да почнат само со додатокот за 2016 а доколку сакаат да го променат додатокот после трката во Катар, ќе им биде сметано како искористување на едното дозволено подобрување и покрај тоа што не го користеле новиот додаток на почетокот на сезоната.“

„Ако до крајниот рок тимовите не го пријават додатокот за 2017 година, тогаш тие ја губат таа можност и им останува само опцијата за една промена во текот на сезоната.“

„Во однос на фабричките тимови, можеме да очекуваме да користат еден додаток од 2016 година и еден од 2017. Технички, тоа го одредува возачот а не производителот.  Педроса и Маркез би можеле да имаат различни додатоци, но искрено мислам дека тоа нема да се случи.“

Crash.net: Ти благодарам, Дени.

rosi krilca

Back To Top