„На последната трка бев блиску до врвот. Ќе продолжам со напорната работа за да ја постигнам оваа цел“ – Јохан Зарко

После интересни, почетни три трки од сезоната, MotoGP дебитантот Јохан Зарко заминува на патеката во Херез со желба да се искачи на подиумот.

Актуелниот Moto2 шампион, еден дел од трката во Катар беше во водство, а на трките во Аргентина и Тексас заврши на петото место. На патеката во Остин, Зарко успеа да ја намали разликата од 11.750 секунди на 2.845 секунди со возачот кој заврши како трети во споредба со трката во Аргентина.

zarco austin1

„Херез е почеток на трките кои ќе се оддржат во Европа и ќе биде интересно за нас бидејќи првите три трки се оддржаа на големите и долги патеки во Катар, Аргентина и Тексас,“ изјави Зарко.

„Патеката во Шпанија е многу пократка и потесна и затоа сакам да видам како ќе го контролирам мотоциклот тука. После трката во Тексас сакам да продолжам да притискам за да се најдам што е можно поблиску до подиумот. На крајот на последната трка не бев многу далеку од првите тројца возачи и затоа ќе продолжам да работам напорно за да ги стигнам.“

Неговиот тимски колега, кој исто така е дебитант, Јонас Фолгер, во моментов се наоѓа на осмото место во генералниот пласман, еден поен зад Зарко, откако успеа да освои поени на сите трки досега.

„Со нетрпение чекам да почне трката бидејќи навистина ми се допаѓа оваа патека. Плус, ќе биде добро повторно да почнеме да се тркаме на Европско тло. Имам добри сеќавања од оваа патека, вклучувајќи ја и минатата година кога се изборив за место на подиумот во Moto2 класата. Патеката во Херез е една од моите омилени и со нетрпение чекам да се качам на Yamaha и да ја искусам неговата моќ на патеката која е кратка, полна со свиоци и која бара голем физички напор,“ изјави Фолгер.

Back To Top