MotoGP

MotoGP: Зарко планира да освои место на подиумот во Арагон

Јохан Зарко вели дека целта му е освојување на место на подиумот на претпоследната трка која се вози во Европа за оваа сезона.

Следете нè на:

 

 

Јохан Зарко вели дека целта му е освојување на место на подиумот на претпоследната трка која се вози во Европа за оваа сезона. MotoGP тимовите овој викенд ќе заминат во Арагон, а после тоа следува три неделниот пат во Азија пред тие повторно да се вратат во Европа за последната трка оваа сезона која ќе се вози во Валенсија.

IMGP7855 copy

Сѐ уште во борба со Кал Кратчлоу за местото најдобар независен возач и со мала предност во однос на тимскиот колега Јонас Фолгер, Зарко вели дека целта овој викенд му е да постигне уште еден добар резултат.

„Мотивиран сум да постигнам добар резултат тука. Би сакал да завршам меѓу петте најдобри возачи, а ако постои можност да се борам и за место на подиумот. Ќе се обидам да се сетам на работата која ја завршивме во Мисано, која беше навистина позитивна, и каде што тимот и јас значително се подобривме.“

„Во неделата немавме среќа, но сакам да постигнам добар резултат во Арагон за да заборавам на тоа. Сигурен сум дека ќе можеме да освоиме многу поени во шампионатот и ќе бидеме подготвени за трите трки кои ќе се возат во октомври.“

Иако Зарко има предност од 26 поени предност, неговиот тимски колега, Јонас Фолгер вели дека ќе се обиде да ја намали разликата овој викенд на патеката која му е една од омилените.

„Како и секогаш, со нетрпение ја чекам трката во Арагон бидејќи мислам дека таа е една од најдобрите патеки. Сигурно дека ќе го имаме типичното шпанско време таму, а плус и подлогата на патеката е одлчина и секогаш е интересно кога се вози таму. Има добар микс на свиоци, места за сопирање и долг правец.“

„Се надевам дека ќе освоиме повеќе поени отколку на трката во Мисано бидејќи се уште сакам да ја освојам наградата за дебитант на годината.“

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!