Возбудувањата во Катар започнаа, МотоГП тимот на Јамаха денеска ги претстави новите бои на YZR-M1 кои ќе ги носат Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.

yzf-2014-1

Возбудувањата во Катар започнаа, МотоГП тимот на Јамаха денеска ги претстави новите бои на YZR-M1 кои ќе ги носат Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.

Генералниот менаџер на Јамаха, г-н Коучи Цуџи, заедно со Лин Џарвис и Луис Вело (директорот на „Telefónica“, сопственик на „Movistar“) присуствуваа на патеката Лосаил во Катар каде беа претставени новите бои на Јамахите кои ќе ги возат Роси и Лоренцо.

Тимот со гордост ги претстави новите спонзори, кои заедно со досегашните (EURASIAN BANK, FIAT PROFESSIONAL, ENEOS, SEMAKIN DI DEPAN (Yamaha Motor Indonesia), MONSTER ENERGY, SUISSEGAS, YAMALUBE и TW STEEL) треба да им овозможат стабилна финансиска година која на Јамаха треба да и ја донесе титулата.

На претставувањето присуствуаа и Лоренцо и Роси од кои се очекува многу на првата трка. Лоренцо е човекот кој извојува победи на последните две трки во Катар, секојпат до сега стратуваше од првиот ред и никогаш не завршил без подиум.

Роси пак зад себе има три победи на Лосаил, како и второто место од минатата година кое ќе го запомниме по одличната борба со тогашниот почетник, Марк Маркез.

Не заборавајте, трката во недела започнува во 20 часот по наше време, а пренос во живо ќе има на СпортКлуб каналот.

Back To Top