29
Сре, Мар
MotoGP

MotoGP: Втора победа за Маркез во низа

Марк Маркез продолжува со доминацијата во Мото ГП класата со втора победа во втората трка од сезоната. Актуелниот светски првак беше најбрз и на „Circuit Of the Americas“, патеката во Остин, Тексас, на трката за Големата награда на САД.

Следете нè на:

 

 ds- s1d9993 originalВтора победа за Маркез во низа

Марк Маркез продолжува со доминацијата во Мото ГП класата со втора победа во втората трка од сезоната. Актуелниот светски првак беше најбрз и на „Circuit Of the Americas“, патеката во Остин, Тексас, на трката за Големата награда на САД.

Маркез претходно славеше и на трката на патеката „Losail“ во Катар и со максимални 50 бода е лидер во генералниот пласман. Во Остин зад него како второпласиран целта ја мина неговиот сонародник и тимски колега од Хонда, Дани Педроса, а место на подиумот имаше и за италијанскиот претставник Андреа Довициозо од Дукати.

На подиумот ги немаше возачите на Јамаха, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси кои прикажаа навистина неочекувани резултати. Роси заврши на осмата позиција, а Лоренцо на десетата. 

Причина за ова имаа двајцата, Лоренцо стартуваше прерано, а Роси имал проблеми со гумата. За Хорхе Лоренцо вината за неговиот преран старт на трката во Мото ГП во Остин, Тексас, е кај комарците на неговата кацига.

Двократниот шампион во МотоГП ја опиша грешката како една од најголемите во неговата кариера, откако тој со својата Јамаха тргна со „црвено светло“ на семафорите. Сфаќајќи ја грешката, тој избра да забрза, бидејќи не му „бегаше“ казната од минување во боксот, што ја зеде по првиот круг и по која се врати на десетото место.

Роси оправдување за лошиот резултат најде во предната гума. „ За жал, по седмиот или осмиот круг, предната гума потполно ми се распадна и тогаш возев колку што можев. Штета бидејќи сигурно можев да дојдам до подиумот“ - рече Роси.

Резултати од трката во САД:

Поз.БодовиБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме/Разлика
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 43'33.430
2 20 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +4.124
3 16 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +20.976
4 13 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda +22.790
5 11 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +22.963
6 10 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +26.567
7 9 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati +28.257
8 8 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +45.519
9 7 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha +47.605
10 6 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +49.111
11 5 69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda +1'00.735
12 4 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +1'03.954
13 3 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati +1'07.333
14 2 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda +1'27.972
15 1 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia +1'32.376
16   70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM +1'32.543
17   9 Danilo PETRUCCI ITA IodaRacing Project ART +1'39.176
18   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia +1'51.962
Без пласман
    45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda 2 круга
    5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha 4 круга
    35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 9 круга
    19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda 12 круга
    23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM 13 круга

Следната трка во МотоГП се вози на 27-ми април, на новата патека во Аргентина.

 

comments

Би можело да ве интересира

По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во сабота се враќаат во Скопје.

Иако за Јапонскиот производител тој е повеќе еволуција отколку револуција, Yamaha R6 е  одлична машина која сакаме да ја споделиме со вас денес.

Со произведени неколку милиони примероци од нејзиното прво претставување, дури и денес можете да најдете постар модел од овој мотоцикл по солидна цена. Но доколку ја сакате конкретно оваа Веспа, тогаш ќе мора да издвоите повеќе од 150 илјади евра.

Се чини дека асфалтот повеќе не е доволен за Mugen па Јапонската компанија склучи договор со Honda за да произведе електричен мотокрос.

Со победи во категоријата на спортски мотоцикли, туринг/спортско-туринг мотоцикли, „crossover“, класична категорија како и со освоени три втори и две трети места, BMW постигна уште еден импресивен резултат на деветнаесетото гласање за мотоцикл на годината.

Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!