24
Саб, Јун
MotoGP

MotoGP: Втора победа во низа за Лоренцо

Со двете последователни победи Лоренцо ја намали предноста во генералниот пласман на Маркез на 34 бода, а до крајот на шампионатот преостануваат уште 5 трки.

Следете нè на:

 

13rsm motogp 4ng 8514 originalЛоренцо ја намалува разликата на водечкиот Маркез во генералниот пласман

Лоренцо трета година по ред победува во Сан Марино

Со победата на вчерашната трката на патеката Мизано (Марко Симончели) во Сан Марино, Лоренцо забележа хет-трик победувајќи на истата патека и во изминатите две години.

Лоренцо ја започна трката од втората позиција, но веднаш изби на чело од колоната, а сопственикот на пол позицијата, Марк Маркез во почетниот круг падна до третата позиција. Потоа Маркез направи грешка и во свиокот со број 8, но шпанецот не дозволи тоа да го оддалечи од пиедесталот. 

Одличното возење на Маркез придонесе од четвртата позиција да ги помине Роси и Педроса, но во меѓувреме Лоренцо веќе имаше направено солидна предност која беше недостижна.

Со двете последователни победи Лоренцо ја намали предноста во генералниот пласман на Маркез на 34 бода, а до крајот на шампионатот преостануваат уште 5 трки. Следната трка се вози на 29-ти септември на патеката Моторленд Арагон во Шпанија.

Поз.Бод.Бр.ВозачТимМоторКм/чРазлика
1 25 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 161.0 44'05.522
2 20 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 160.8 +3.379
3 16 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 160.5 +7.368
4 13 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 160.1 +15.062
5 11 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 159.6 +22.355
6 10 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 159.6 +22.599
7 9 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 159.1 +31.059
8 8 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 158.4 +42.702
9 7 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 158.3 +44.858
10 6 51 Michele PIRRO Ignite Pramac Racing Ducati 158.1 +47.818
11 5 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 158.1 +48.011
12 4 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 157.2 +1'03.154
13 3 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 157.0 +1'07.600
14 2 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 156.5 +1'15.528
15 1 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 156.4 +1'17.907
16   71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 155.7 +1'29.655
17   14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 155.4 +1'33.990
18   70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 155.3 +1'36.860
Без пласман
    67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 153.8 4 круга
    8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 155.6 7 круга
    68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 153.7 19 круга
    17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 152.2 21 круг
    29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 155.6 25 круга
    52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 148.0 25 круга

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!