23
Чет, Фев
MotoGP

MotoGP: Време е за Италијанското Гранд При

Легендарната патека Муџело во Тоскана овој викенд ќе биде домаќин на 6-та рунда од МотоГП шампионатот.

Следете нè на:

 

motogp muggeloЛегендарната патека Муџело секоја година привлекува илјадници посетители

Легендарната патека Муџело во Тоскана овој викенд ќе биде домаќин на 6-та рунда од МотоГП шампионатот.

Фантастичната патека со должина од 5245 метри е составена од 6 леви и 9 десни свиоци и долги правци од кои се издвојува оној на стартно-целната рамнина со должина од 1141 метар на кој се развиваат брзини до 349,6 км/ч. 

Минатата година во Муџело славеше Марк Маркез, пред Лоренцо и Роси. Годинава се очекува атак на Роси за кого ова е домашна патека, но секако не смее да се заборави на фантастичниот учинок кој го има Лоренцо со две последователни победи, како и „ранетиот“ Марк Маркез кој ќе се обиде да се врати во игра токму во Муџело. Не смееме да го исклучиме ниту Дани Педроса кој имаше неуспешно враќање по повредата во Ле Ман, а секако тука се и фантастичните возачи на Дукати кои максимално ќе ја искористат брзината на своите мотори. Во Муџело не очекува возбудлива трка која се надеваме дека ќе биде неизвесна до последниот круг.

Возбудувањата започнуваат утре според следниот распоред со пренос во живо на Спорт Клуб 1 каналот:

СК1 Петок (29.05.2015)
09:00 Moto GP Mugello – Тренинг Moto 3 Во живо
09:55 Moto GP Mugello – Тренинг Moto GP Во живо
10:55 Moto GP Mugello – Тренинг Moto 2 Во живо
13:10 Moto GP Mugello – Тренинг 2 Moto 3 Во живо
14:05 Moto GP Mugello – Тренинг 2 Moto GP Во живо
15:05 Moto GP Mugello – Тренинг 2 Moto 2 Во живо

Во сабота распоредот е следен:

СК1 Сабота (30.05.2015)
09:00 Moto GP Mugello – Тренинг 3 Moto 3 Во живо
09:55 Moto GP Mugello – Тренинг 3 Moto GP Во живо
10:55 Moto GP Mugello – Тренинг 3 Moto 2 Во живо
12:35 Moto GP Mugello – Квалификации Moto 3 Во живо
13:30 Moto GP Mugello – Тренинг 4 Moto GP Во живо
14:10 Moto GP Mugello – Квалификации Moto GP Во живо
15:05 Moto GP Mugello – Квалификации Moto 2 Во живо

Главните возбудувања се во недела според следниот распоред:

СК1 Недела (31.05.2015)
08:40 Moto GP Mugello – Warm Up Moto 3 Во живо
09:10 Moto GP Mugello – Warm Up Moto GP Во живо
09:40 Moto GP Mugello – Warm Up Moto 2 Во живо
11:00 Moto GP Mugello – Трка Moto 3 Во живо
12:20 Moto GP Mugello – Трка Moto 2 Во живо
14:00 Moto GP Mugello – Трка Moto GP Во живо

За оние кои го немаат Спорт Клуб 1 каналот во својата понуда стриминг од трките ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

comments

Би можело да ве интересира

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Марко Меландри го подобри своето темпо на новите пневматици за време на тестот на Филип Ајленд. На крајот тој заврши со време кое беше послабо за само 0.030 секунди од времето кое го постигна Џонатан Реа.

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!