28
Пет, Апр
MotoGP

МотоГП: Во Хонда се е подготвено за одлучувачките трки

motori Pedrosa_27Дани Педроса и Кејси Стонер се подготвени да ги бранат боите на Хонда Репсол тимот на трката за ГН на Јапонија која викендов се вози на патеката Мотеги.

Следете нè на:

 

Pedrosa 27

Дани Педроса и Кејси Стонер се подготвени да ги бранат боите на Хонда Репсол тимот на трката за ГН на Јапонија која викендов се вози на патеката Мотеги. Педроса со учинок од три победи во последните четири трки е единствениот конкурент на водечкиот во шампионатот, шпанецот Хорхе Лоренцо. Педроса заостанува 33 бода зад Лоренцо, до крајот има само уште 4 трки но се е можно. Да потсетиме дека Педроса има победи на Мотеги во сите класи (125cc - 2002, 250cc - 2004 и MotoGP - 2011) па имајќи го во предвид претпазливото возење на Лоренцо, можеме да очекуваме повторна победа.

Сепак Лоренцо во изминатите години прерасна во вистински возач, не е веќе она „дете“ кое лудо вози, туку напротив, промислено и прецизно вози кон својата цел - освојувањето на шампионската титула. На Лоренцо за освојување на шампионската тутула му  е доволно да заврши еднаш на третата позиција, и трипати на втората доколку Педроса победи на сите четири трки до крајот. Во секој случај не очекуваат возбудливи трки до крајот на сезоната, а имајќи го во предвид досегашниот тек на шампионатот, се е можно.

Дани Педроса: „Мотеги е патека која секогаш ја очекувам со нетрпение, се работи за домашната патека на Хонда  и секој во тимот е возбуден. Не очекува тежок период, но ќе одиме по ред, трка по трка. Мотеги е патека која ја обожувам, има силно кочење и силно забрзување. Мора да се внимава на се, да не претерате со кочењето, давањето на гаста, излезот од кривините.. едноставно се. Минатата година се покажавме во одлично светло, се надевам дека и годинава ќе го повториме успехот.“

Информации за патеката
Прва трка 1999
Одржани трки 13
Круга 24
Должина на трка 115.224km
Должина на патеката 4.801km
Ширина на патеката 12-15m
Најдолг правец 0.762km
Свиоци 14 (8 десни, 6 леви)
Пол позиција Лева

circuit large_rnd3_motegi1
МотоГП: Генерален пласман
1 Jorge Lorenzo 290 бод. SPA YAMAHA Yamaha Factory Racing Team
2 Dani Pedrosa 257 бод. SPA HONDA Repsol Honda Team
3 Casey Stoner 186 бод. AUS HONDA Repsol Honda Team
4 Andrea Dovizioso 179 бод. ITA YAMAHA Monster Yamaha Tech 3
5 Cal Crutchlow 135 бод. GBR YAMAHA Monster Yamaha Tech 3
6 Valentino Rossi 128 бод. ITA DUCATI Ducati Team
7 Alvaro Bautista 128 бод. SPA HONDA San Carlo Honda Gresini
8 Stefan Bradl 115 бод. GER HONDA LCR Honda MotoGP
9 Nicky Hayden 93 бод. USA DUCATI Ducati Team
10 Ben Spies 88 бод. USA YAMAHA Yamaha Factory Racing Team
11 Hector Barbera 64 бод. SPA DUCATI Pramac Racing
12 Randy De Puniet 53 бод. FRA ART Aspar Team MotoGP
13 Aleix Espargaro 51 бод. ESP ART Aspar Team MotoGP
14 Karel Abraham 32 бод. CZE DUCATI Cardion AB Motoracing
15 Yonny Hernandez 28 бод. COL BQR-FTR BQR
16 Michele Pirro 25 бод. ITA HONDA San Carlo Honda Gresini
17 Colin Edwards 22 бод. USA SUTER NGM Mobile Forward Racing
18 James Ellison 19 бод. GBR ART Paul Bird Racing
19 Jonathan Rea 17 бод. GBR HONDA Repsol Honda Team
20 Mattia Pasini 13 бод. ITA ART Speed Master
21 Danilo Petrucci 11 бод. ITA IODA Ioda Racing Project
22 Ivan Silva 11 бод. SPA BQR-FTR BQR
23 Toni Elías 10 бод. SPA DUCATI Pramac Racing
24 Steve Rapp 2 бод. USA N/A Attack Performance
25 David Salom 1 бод SPA BQR-FTR BQR
26 Franco Battaini 0 бод. ITA DUCATI Ducati Team
27 Chris Vermeulen 0 бод. AUS SUTER NGM Mobile Forward Racing
28 Aaron Yates 0 бод. USA N/A GP Tech
comments

Би можело да ве интересира

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!