MotoGP

MotoGP: Во драматично финале, Маркез крунисан за Светски шампион

Во драматична трка која се оддржа на патеката во Валенсија, Марк Маркез успеа да стигне до нова титула во MotoGP Светскиот шампионат, вкупно шеста за него.

Следете нè на:

 

Иако многумина очекуваа лесна трка за Маркез, сепак тоа не се случи. Откако изгуби контролата над мотоциклот, тој за малку предвреме не ја заврши трката.

Шпанецот имаше одличен старт и веќе во првиот свиок успеа да стигне до лидерската позиција, а неговиот тимски колега Дани Педроса го следеше на вторoтo место. Сепак, веќе во вториот круг, возачот на Monster Tech 3 Yamaha успеа да го претекне Педроса. Знаејќи го агресивното возење на Французинот, Маркез во третиот круг му дозволи да го претекне, но сепак се до крајот на трката остана зад него.

marquez Motegi 2016

Двоецот на Ducati, Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо се наоѓаа зад третопласираниот Педроса. Двајцата возачи беа прилично изедначени се додека не се појави пораката наменета за Лоренцо која гласеше ‘Suggested Mapping 8’.

Истата порака, за која многумина сметаат дека значи дека Лоренцо треба да го пропушти Довициозо, ја видовме и на трката која се возеше во Малезија. Овој пат таа се појави дури четири пати, но сепак Лоренцо не сакаше да го пропушти Довициозо.

Откако забележа дека мотоциклите на Ducati му се приближуваат, Маркез реши да го нападне Зарко и да ја презеде првата позиција од него. Но Шпанецот влезе премногу остро во свиокот, загуби контрола и накратко излета надвор од патеката. Сепак успеа да се спаси и се врати на патеката на петата позиција. Малку подоцна се искачи на третото место откако во два одделни инциденти од патеката излетаа возачите на Ducati, Лоренцо и Довициозо.

Борбата за првото место сега беше меѓу Зарко и Педроса, а возачот на Repsol Honda успеа да го претекне Французионот при влегувањето во првиот свиок. Во последниот круг Зарко не успеа да го стигне Педроса и му овозможи да стигне до втората победа оваа сезона.

Маркез беше последниот возач кој успеа да се искачи на подиумот, а веднаш зад него се најдоа Алекс Ринс, кој имаше одличен настап, Валентино Роси и Андреа Ианоне.

Џек Милер трката ја заврши на седмата позиција, а веднаш зад него беше Кал Кратчлоу. Микеле Пиро и Тито Рабат ги заокружија првите десет места.

Британецот Бредли Смит кој настапува за Red Bull KTM беше единаесетти и на крајот се најде пред возачот на Yamaha, Маверик Вињалес. Скот Рединг излета надвор од патеката уште на самиот старт на трката. Сем Ловс, за кого ова беше последен настап во премиерната класа, исто така не успеа да ја заврши трката. Ловс од следната сезона повторно ќе се врати во Moto2 Светскиот шампионат.

На крајот на сезоната, Маркез успеа да стигне до титулата со предност од 37 поени пред Довициозо. Маверик Вињалес го освои третото место.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!