Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес, заминува на летната пауза уверен дека откако ќе продолжи шампионатот, ќе може да се вклучи во борбата за титулата.

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес, заминува на летната пауза уверен дека откако ќе продолжи шампионатот, ќе може да се вклучи во борбата за титулата. Шпанецот заедно со неговиот тимски колега Валентино Роси со соочија со проблеми за време на Германската Гран При трка. На крајот тој сепак заврши на четвртото место и не му дозволи на Марк Маркез дополнително да ја зголеми разликата.

IMGP7505

„Навистина верувам дека можам да се борам за титулата. Иако стартував од единаесетата позиција на крајот сепак успеав да завршам како четврти. Разликата со Дани и не беше толку голема што значи дека имав добра трка. Моите импресии од трката се добри, задоволни сме сите но знаеме дека се уште треба да го подобруваме мотоциклот.“

„Втората позиција после трката во Асен е добра но доколку ја споредиме со Муџело и не е толку позитивна бидејќи тогаш правевме разлика со останатите возачи. Но и покрај сите грешки, се уште сме високо на табелата. Мораме да вложиме многу повеќе особено за време на квалификациите. Ќе се обидам да го подобрам стилот на возење и да се вратам посилен за следната трка.“

Back To Top