Откако беше потврдено дека ќе настапува за тимот на Yamaha во 2017 година, Маверик Вињалес очекува лесна транзиција од Suzuki во Yamaha

Откако неодамна го потврди преминот во тимот на Yamaha за следната сезона, Маверик Вињалес е убеден дека транзицијата ќе биде лесна бидејќи смета дека двата мотоцикли имаат слични карактеристики.

На трката во Муџело беше потврдено дека Шпанскиот возач ќе му биде следниот колега на Валентино Роси во сезоната 2017, откако неодамна Хорхе Лоренцо соопшти дека по завршувањето на актуелната сезона ќе премине во тимот на Ducati.

На едно интервју, Вињалес потврди дека со нетрпение го очекува неговиот настап на M1 мотоциклот на Yamaha.

„Со мотоцилот на Suzuki никогаш не можам да го надминам лимитот бидејќи мотоциклот почнува да се тресе и тешко е да бидам брз. Развојот на мотоциклот мора да биде во однос на мојот стил на возење. Во тимот на Yamaha тоа е на едно ниво повисоко и затоа секој возач таму е брз,“ изјави Вињалес.

vinales rossi

„Не е толку различен стилот. Секако, тајната е во гаста, мора постојано да бидеш фокусиран.“

„Нормално, со електрониката не си многу брз па затоа треба да ја користиш колку што можеш помалку, помаку контрола на тракцијата бидејќи ги уништува пневматиците.“

„Најголемата разлика за мене е дека Yamaha има неверојатна тракција од моторот која што сега е уште поважна со новите гуми на Michelin.“

Вињалес исто така смета дека во иднина главната борба за титулата ќе биде меѓу него и возачот на Repsol Honda, Марк Маркез. Во 2013 година, Вињалес ја освои својата прва титула во Moto 3 шампионатот, а Маркез влезе во историјата откако во својата прва сезона во премиерната класа стана светски шампион.

„Ако работите продолжат да се развиваат на истиот начин, сметам дека Марк и јас ќе бидеме иднината и оние кои ќе се борат до самиот крај на трките. Сакам да се натпреварувам против него бидејќи секогаш е тешко да го победите,“ изјави Вињалес.

Back To Top