MotoGP

MotoGP: Вињалес е сигурен дека ќе има добар настап

„Секако, ќе возам навистина агресивно ако мислам дека така ќе бидам лидер на трката“ - Маверик Вињалес

Следете нè на:

 

Маверик Вињалес уште еднаш беше главна тема на разговор откако постигна најдобро време на вториот тест во Катар. Плус, тој се уште не го употребил новиот менувач на Suzuki.

На настап кој не го одбележаа никакви посебни достигнувања, Вињалес беше за 0.072 секкунди побрз од актуелниот шампион Хорхе Лоренцо на вториот ден од тестот.

Вињалес разговараше за неговиот мотоцикл и за тоа како се однесува мотоциклот во првите и во последните неколку круга од трката. Тој смета дека зголемената моќност на мотоциклот ќе му го олесни возењето во првите неколку кругови.

valencia testoctmaverick vinales3Маверик Вињалес на тестот во Валенсија

„Притиснав повеќе за да бидам во рамките на 1м 55с. со полн резервоар, но тоа беше опасно и се одлучивме да прекинеме,“ изјави Каталонецот. „Но во секој случај, ќе се обидеме повторно. Првиот дел од тестот го возев со тврда гума, па затоа беше тешко. Но кога се вратив на старите гуми, бев навистина самоуверен. Извозев три круга и постигнав најдобро време. Тогаш бев фокусиран на мотоциклот. Ја подобривме електрониката и бевме малку подобри од претходно.“

„Минатата година, на последниот дел од трката бевме навистина силни. Мислам дека и оваа година ќе биде исто. На тестот извозев шест или седум круга едно по друго, а веднаш после тоа доајдоа моите најдобри моменти. Се чувствував добро и имав самодоверба со пневматиците.“

За чувството да вози мотоцикл кој има полн резервоар со гориво, тој изјави: „Немав проблеми со мотоциклот при сопирање и покрај тоа што тој беше полн со гориво. Ако почнам во првиот ред, секако дека ќе возам агресивно и ќе го дадам најдоброто од себе во првите неколку кругови. Минатата сезона беше тешко бидејќи не можевме да ја задржиме брзината на правите делови. Мислам дека оваа година ќе бидеме подобри. Секако дека ќе бидам агресивен ако мислам дека тоа ќе ме однесе на врвот.“

Откако постигна најдобро време со шасијата од 2015, Вињалес имаше можност да ја проба и новата за 2016, па има време пред почетокот на сезоната да се одлучи со која ќе настапува. Она што е ново за него е дека на последниот ден од тестирањето имаше прилика да извози неколку кругови со новиот „seamless“ менувач за кој изјави дека е дополнително подобрување на мотоциклот.

 

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.