Возачот на CWM LCR Honda тимот Џек Милер беше успешно опериран во Универзитетската болница во Барселона, Шпанија.

miller-dr

Возачот на CWM LCR Honda тимот Џек Милер беше успешно опериран во Универзитетската болница во Барселона, Шпанија.

На Милер му беа отстранети четири титаниумски штрафови од претходната операција на десното рамо, поставени заради повреда на клучната коска. Операцијата беше извршена од страна на реномираниот доктор Ксавиер Мир, задолжен за медицинскиот тим во МотоГП шампионатот.

„Навистина сум среќен што со операцијата конечно го отстранија титаниумот од моето рамо, бидејќи повеќе не беше потребен. Самата операција помина одлично, за кусо време не чувствував никаква болка. Се надевам дека процесот на заздравување ќе трае кратко и ќе можам целосно да се фокусирам на следната сезона. Овој период ќе го искористам за психички да се подготвам најдобро што можам за она што ме очекува во МотоГП. За крај сакам да му се заблагодарам на Доктор Мир и на целиот тим кој се погрижи се да помине во најдобар ред“ изјави Џек Милер по операцијата
Back To Top