MotoGP

MotoGP трката во Катар е најкомпетитивната трка досега

Возачите се поблиску отколку на било која друга трка која досега се возела во Лосаил.

Следете нè на:

 

Според она што ни претставува некаков знак за работите кои не очекуваат, се чини дека првата трка од новата сезона беше најкомпетитивната трка која досега се оддржала во Лосаил. Разликата меѓу возачите беше помала отколку на било која друга трка на оваа патека, која за прв пат се појави на календарот во 2004 година.

motogp qatar gara 2017 losail 7МотоГП, Лосаил - Катар, 2017

Времето од 1.928 кое ги двоеше возачите кои се најдоа на подиумот беше третото најблиско на патеката и само за малку се разликуваше од 2010 (1.865) и 2006 (1.494). Разликата сигурно ќе беше и помала доколку Петручи, Баутиста, Зарко и Кратчлоу успеаа да ја завршат трката. Сепак, во споредба со минатата сезона, разликата е речиси преполовена.

Едно нешто кое придонесува за ова сигурно е фактот дека сателитските тимови се подобри со пневматиците на Michelin и ECU системот. Ова има и логика бидејќи голем дел од сателитските тимови минатата сезона беа дизајнирани во ерата на Bridgestone, а потребно е и време за да се прилагоди електронскиот систем.

Подолу можете да ги видите седумте трки во Катар каде што разликата меѓу првите петнаесет возачи е помала од една минута. Имајте на ум дека овогодинешната трка во Катар беше скратена за два круга поради временските услови.

1. 2017
Топ 3: 1.928s
Топ 6: 7.661s
Топ 10: 15.069s
Топ 15: 29.430s

2. 2015
Топ 3: 2.250s
Топ 6: 10.755s
Топ 10: 17.435s
Топ 15: 33.625s

3. 2011
Топ 3: 5.051s
Топ 6: 10.468s
Топ 10: 28.920s
Топ 13*: 37.957s
*Само 13 завршија

4. 2010
Топ 3: 1.865s
Топ 6: 9.322s
Топ 10: 21.100s
Топ 13*: 40.780s
*Само 13 завршија

5. 2007
Топ 3: 8.530s
Топ 6: 18.647s
Топ 10: 28.456s
Топ 15: 51.639s

6. 2016
Top 3: 2.287s
Top 6: 15.423s
Top 10: 24.435s
Top 15: 54.953s

7. 2008
Top 3: 10.6
Top 6: 14.040s
Top 10: 38.354s
Top 15: 58.930s

 

Топ
comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!