26
Сре, Јул
MotoGP

MotoGP: Трета победа по ред за Маркез

Возачот на Хонда и актуелен Светски шампион во МотоГП дојде до третата победа во низа во сезоната.

Следете нè на:

 

93marquezgpargentina ds- s1d1305 originalТри победи на три трки за Маркез

Возачот на Хонда и актуелен Светски шампион во МотоГП дојде до третата победа во низа во сезоната.

Третата трка во сезоната која се возеше во Аргентина донесе возбудлива трка во која Хонда забележа 1-2 победа, а тимот на Јамаха иако имаше свој предводник преку Хорхе Лоренцо, на крајот мораше да се задоволи со 3 и 4 позиција.

Следевме возбудлива трка од самиот почеток во кој најголемо изненадување беше Андреа Ианон кој возеше на втората позиција, зад Лоренцо. Во групата која беше на чело ги следевме и Валентино Роси, Штефан Брадл па дури потоа Дани Педроса. Валентино Роси повторно потсети на оној стар „Доктор“ кој сите го сакаат, имаше одлично возење но направи 2 грешки кои го враќаа од втората на паттата односно шестата позиција. За Роси дополнителен проблем претставуваше и Брадл кој направи грешка при кочењето што го оддалечи Роси од пиедесталот.

Дани Педроса конечно покажа возење какво што посакуваат неговите фанови, од шестата позиција успеа да дојде до третата на два круга пред крајот, за потоа со агресивен маневар да го помине и Лоренцо за 1-2 победа за Хонда. Лоренцо заминува од Аргентина со испуштена победа и само трета позиција, иако возеше на првата позиција се до 8 круга пред крајот на трката. Рака на срце Лоренцо и не можеше да го издржи темпото кое Маркез потоа го наметна.

Марк Маркез продолжува со фантастичните возења во МотоГП, три победи во три трки и максимални 75 бодови во генералниот пласман само покажуваат дека останатите „вонземјани“ и тоа како ќе треба да се помачат да му ја одземат титулата.

Како што стојат работите во моментот, Маркез е на одличен пат да ја одбрани титулата.

 

Поз.БодовиБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 41'39.821
2 20 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +1.837
3 16 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +3.201
4 13 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +4.898
5 11 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda +15.029
6 10 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati +19.447
7 9 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +24.192
8 8 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +29.118
9 7 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +33.673
10 6 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +43.279
11 5 69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda +43.352
12 4 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati +44.819
13 3 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda +45.178
14 2 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +48.656
15 1 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha +52.250
16   8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia +53.505
17   51 Michele PIRRO ITA Ducati Team Ducati +53.669
18   70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM +56.570
19   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia +1'03.140
20   5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha +1'05.760
21   23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM +1'16.722
Без пласман
    19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda 0 круга
    9 Danilo PETRUCCI ITA IodaRacing Project ART 0 круга

Шампионатот продолжува следната недела (4-ти мај) со трката на патеката Херез во Шпанија.

comments

Би можело да ве интересира

Веспа само што претстави нова специјална верзија наречена Sei Giorni, или преведено, „Шест дена“. Оваа лимитирана верзија беше креирана со цел да се одадде почит на оригиналната „Six Days“ Веспа спорт која во 1951 година ја освои интернационалната „Six Days of Varese“ награда.

Извршниот директор на Ducati,  Клаудио Доменикали, смета дека проблемот со популарноста со кој се соочува Светскиот Супербајк шампионат е поради фактот дека во моментов тој не се разликува премногу од MotoGP.

Единечниот ECU ја отстрани најголемата разлика меѓу фабричките и сателитските тимови

Повеќето мотоциклисти сигурно нема да го препознаат името Раџив Бајај. Но како извршен директор на „Bajaj Auto“, Раџив е на чело на еден од најголемите мото брендови во светот.

Red Bull Honda потврди дека поранешната ѕвезда во Светскиот Супербајк шампионат, Давид Џулиано, ќе настапи за нивниот тим на дводневниот тест во Лаусицринг

Макпетрол во својот салон за Хонда во Скопје го изложи новиот Honda MSX125 2017

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!