„Нашите возачи се уште се жалат поради забрзувањето. Мораме да го подобриме и излегувањето од свиоци.“

На половина од актуелната сезона, тимот Suzuki Ecstar освои 33 поени повеќе во спредба со истиот период минатата сезона.

Со вкупно освоени 134 поени, тие се наоѓаат на третото место во генералниот пласман, зад тимовите на Repsol Honda и Movistar Yamaha, а Маверик Вињалес со својот GSX-RR го освои третото место на трката во Ле Ман.

suzuki rr 16

Но, и покрај тоа што Вињалес и неговиот тимски колега Алеш Еспаргаро постојано завршуваат меѓу првите шест возачи, на тимот му треба нешто повеќе за да може да се бори за победа. А тоа, според тимскиот менаџер Давиде Бривио, е подобра тракција за време на излегување од свиоци.

„Се чини дека нашиот мотоцикл е лесен за управување и лесно го менува правецот. Исто така ги подобривме и перформансите на моторот за време на правец. Но нашите возачи се уште се жалат поради забрзувањето. Мораме да го подобриме забрзувањето при излегување од свиок, “ изјави Бривио за Crash.net.

Како дел од тој процес, Suzuki продолжува со подобрувањата на моторот и шасијата.

„Имаме добра шасија на која е тешко нешто да промениме, но испробавме некои нови работи на тестот во Валенсија. Многу е тешко да се најде нешто што ќе функционира насекаде. Обично имаме подобрувања при влегување во свиоците, но тоа се губи при излегување. Или пак подобар сте внатре во свиокот но губите при запирање,“ изјави Бривио.

„Сакаме да ги задржиме истите карактеристики на моторот но и да ја зголемиме неговата моќност. Поради тоа не чека напорна работа.“

Во моментов, Вињалес се наоѓа на петото место во генералниот пласман, а Еспаргаро е единаесетти. Следната сезона, тие ќе бидат заменети од Андреа Јанон и Алекс Ринс.

Back To Top