23
Пон, Јан
MotoGP

MotoGP: Тимовите ќе им испраќаат пораки на возачите за време на трка

„MotoGP класата ќе тестира нов систем кој ќе им овозможи на возачите да добиваат информации, сугестии и предупредувања преку нивниот мотоцикл.“

Следете нè на:

 

Во изминативе неколку месеци, сопствениците на правата за MotoGP, Dorna, се обидуваат  да пронајдат систем кој ќе ја подобри комуникацијата меѓу возачот и боксот. До сега, комуникацијата се одвиваше преку табли со информации кои членови на екипата ги држат на стартно – целната рамнина. Очигледно, овие информации можат да се прочитаат само еднаш по круг а возачите можат само накратко да ги видат, една секунда или помалку, бидејќи понекогаш тие го поминуваат правецот со брзина од 300 и повеќе километри на час.

motogp teams to send riders dashboard messages during races 0

Проектот, кој се наоѓа во напредна фаза, е познат како „Виртуелна табла.“  И не, тој нема да биде промовиран поради лошите одлуки кои ги донесе Валентино Роси на трките во Холандија и Германија, кога не успеа да ги следи препораките на неговиот тим. По тие две трки, Роси предложи враќање на радио-комуникацискиот систем кој беше тестиран пред 10 години.

„Има трки на кои возачите не можат да ја видат таблата со информации. Понекогаш една табла блокира друга. А има и возачи кои едноставно не разбираат што треба да направат,“ изјави Хавиер Алонсо, кој работи на овој проект. „Затоа одлучивме да разговараме со нашите инжињери за да видиме дали системот кој сега се користи може да се промени за да можат тимовите да пратам многу повеќе информации.  Возачите тие информации би ги гледале на контролната табла и би траеле онолку колку што тие сакаат.“

Директорите на трката веќе комуницираат со возачите за време на трката преку пораки кои се појавуваат на контролната табла. Тие пораки се: Црвено знаме(суспензија), Црно знаме (дисквалификација), кога возачот поради казна мора да помине низ гаражите и кога мотоциклот има дефект и возачот мора да се повлече од трката.

Истиот овој систем очигледно за кратко време ќе биде надополнет со 20 до 25 кратки пораки, а за кои Dorna и останатите тимови разговараат во моментов. За да се подобри оваа комуникација, секој тим веќе има специјален компјутер кој е поврзан со директорите на трката и преку кој тие комуницираат со судиите на трката. Истите компјутери ќе се искористат и за да им се пренесат пораки на возачите.

motogp teams to send riders dashboard messages during races rossiНе, новиот систем нема да се воведе заради Валентино Роси

Пораките ќе се пренесуваат со помош на антени кои ќе бидат поставен на секоја патека, а тие ќе содржат голем број на информации меѓу кои и моменталното време по еден извозен круг на возачите, одалеченоста меѓу нив, а  во случај на дожд, кога да се промени мотоциклот. Таква порака би можела да изгледа нешто како ова: “93 S 2:15.309”, што би значело, Марк Маркез (93), мазни гуми,има време од 2:15.309. Можеби звучи иронично, но токму овие информации му беа потребни на Валентино Роси на трката во Германија.

Се чини дека опцијата за радио комуникација беше отфрлена од страна на Dorna. „Поради духот на натпреварувањето, нема смисла да имаме радија,“ изјави Алонсо. „Тие се многу скапи, многу комплицирани, а и можат да бидат опасни за возачите. Со новиот систем, возачите многу полесно ќе дојдат до информацијата што им треба.“

„Не се препорачливи радијата во мото трките,“ смета Микеле Заза, италијански доктор кој работи во болницата „Clinica Mobile.“  „Возачите се движат со голема брзина и многу е подобро кога тие ќе ја видат пораката отколку само да ја слушнат неколку секунди.“

 Повеќето возачи се согласуваат со идејата да им се појавуваат пораки на контролната табла. „Се согласувам, особено поради безбедноста,“ изјави возачот на Ducati, Андреа Довициозо. „Може да има многу важни пораки, како на пример ако некој падне пред вас, контролорите на патеката мора веднаш да реагираат, но ако се случи нешто на друг дел од патеката, тогаш не можат да ви помогнат.“ Но сепак, Довициозо смета дека не треба да има премногу информации. „Важно е да има само безбедносни пораки, другите работи не се толку битни.“

На Роси очигледно му се допаѓа ваквата идеја, и како што спомнавме претходно, би сакал да има и радио комуникација. „Да, се согласувам. Тоа е добро. Но исто така би сакал да има и радио комуникација. Тоа би можело да биде добро за безбедноста.“

Dorna исто така планира пораките да можат да ги види и публиката која гледа на телевизија со што би се создала и поголема возбуда кај публиката. Од компанијата веруваат дека овој систем ќе почне да се применува и во текот на оваа сезона.

comments

Би можело да ве интересира

ФИМ и Дорна денеска го потврдија календарот на МотоГП трки за 2017 година.

Еден од најпознатите тркачи на јавните патишта, Гај Мартин, реши да се врати на натпреварувањето откако потпиша договор со Honda Racing. Мартин ќе му се придружи на Џон Мекгинис и заедно ќе се натпреваруваат на North West 200 и Isle of Man TT. И двајцата возачи ќе настапат со Honda CBR1000RR SP2.

Италијанската компанија оствари соработка со Diesel, за да создадат лимитирана верзија на Diavel кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на Mad Max или на Bioshock.

Ја имавме првата можност да ги видиме Валентино Роси и Маверик Вињалес во новите униформи и за прв пат можевме да ја видиме Yamaha YZR-M1.

Во канцеларијата на Американското регулаторно тело во моментов се разгледува опцијата за воведување на 100% данок на увоз за Европските мотоцикли кои се со зафатнина од 50 до 500cc.

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!