motori yamaha-nov-sponzorОд денеска фабричкиот МотоГП тим на Јамаха има нов спонзор. „BM Group“ е компанијата која ќе го спонзорира тимот до крајот на сезонава, но и во следните две години.

yamaha-nov-sponzor

Од денеска фабричкиот МотоГП тим на Јамаха има нов спонзор. „BM Group“ е компанијата која ќе го спонзорира тимот до крајот на сезонава, но и во следните две години.

„BM Group“ е компанијата која до сега го спонзорираше тимот на Јамаха во Супербајк шампионатот, па логично беше нивната соработка да премине и во фабричкиот тим во МотоГП. Се работи за италијанска компанија која веќе 50 години успешно работи со електронски уреди и е лидер во своето поле.

„Развивме блиска и успешна врска со Јамаха. Од нашата прва соработка во 2009-та со Супербајк тимот на Јамаха партнерството еволуираше и нашата врска се зацврсти. Ова партнерство за нас е важно бидејќи се работи за меѓународна соработка која покажува дека нашата компанија е на правата патека.“ - изјави Андреа Марио Лодоло, претседателот на компанијата.

Back To Top