22
Сре, Фев
MotoGP

MotoGP: Температурите растат, а времињата паѓаат на најновиот тест на KTM

„Не ни беше лесно во изминативе неколку месеци и поради тоа е особено важно што се намалува времето од еден извозен круг“ – Мика Калио

Следете нè на:

 

Обемната тест програма на КТМ пред деби настапот во 2017 година продолжи и на патеката во Херез, каде што Ренди де Пуние му се приклучи на главниот тест возач Мика Калио.

За прв пат беа обезбедени и пневматици од Michelin. Техничкиот директор Себастиан Рисе за нив изјави дека се многу слични како оние што се користат на Шпанската Гран При трка.

ktm motogp kalio

„Нашата цел тука беше да го потврдиме напредокот што го постигнавме во Брно. Но сепак, поради временската состојба, успеавме и да видиме како мотоциклот ќе се однесува за време на екстремни услови. Морам да признаам дека немавме големи проблеми.“

„Исто така и за прв пат имавме пневматици од Michelin кои се многу слични како оние што се користат за време на Гран При викендот кој се оддржува на оваа патека. Поради ова можевме да обрнеме внимание на повеќе работи и видовме дека има значителен напредок на времето кое го постигнуваме од еден извозен круг, во споредба со претходните тестови што ги имавме на оваа патека.“

„Мотоциклот се повеќе се однесува на патеката на вистинскиот начин, “ изјави Калио.  „Не ни беше лесно во изминативе неколку месеци и поради тоа е особено важно што се намалува времето од еден извозен круг. Тоа е исто така добро и за мотивацијата на тимот. Мислам дека постигнавме извонреден напредок и ќе биде интересно да видиме што ќе направиме кога ќе се соочиме со конкуренцијата.“

Следниот тест на KTM ќе се оддржи за две недели во Италија. На тестот се очекува да настапи уште еден нов возач, неколкукратниот Moto2 шампион, Томас Лути.

Тимот на KTM потврди дека Бредли Смит и Пол Еспаргаро ќе бидат главните возачи во новата сезона, а Калио ќе бие главниот тест возач.

comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!