25
Вто, Апр
MotoGP

MotoGP: Сузуки има двајца мотивирани и амбициозни возачи

За време на Монца релито кое се одржа викендов, шефот на Сузуки МотоГП тимот Давиде Бривио одговараше на прашања од motogp.com за возачите и напредокот на производителот кој се враќа во шампионатот во 2015 година.

Следете нè на:

 

Маверик Вињалес и Алеш ЕспергароМаверик Вињалес (#25) и Алеш Еспергаро (#41) на тестот во Валенсија

За време на Монца релито кое се одржа викендов, шефот на Сузуки МотоГП тимот Давиде Бривио одговараше на прашања од motogp.com за возачите и напредокот на производителот кој се враќа во шампионатот во 2015 година.

Како ги оценувате тестирањата во Валенсија и Херез и што мислите за проектот на Сузуки во целина?

- Како прво, двајцата возачи се среќни. Фактот дека Алеш Еспергаро и Маверик Вињалес по тестирањето во Херез си заминаа со насмевка на лицата е многу важен за нас. Јасно е дека имаме уште многу работа пред почетокот на сезоната, но Еспергаро забележа време само една секунда побавно од нај брзиот во Валенсија, а Вињалес сеуште се навикнува на новата класа. За жал во Херез времето не беше на наша страна, па можевме да работиме само вториот ден на тестот. Моторот е забавен за возење но мораме да поработиме на перформансите, а за тоа имаме двајца одлични возачи.

Две клучни точки на кои ќе се фокусирате како тим се издржливоста на моторот и моќноста?

- Да така е, тоа се проблемите кои мораме да ги решиме. Имаме мотори кои функционираа одлично при тестот во фабриката, но  на патеката се покажаа како проблематични. Затоа и на тестот по последната трка во Валенсија имавме малку ограничени перформанси на моторот. Двата аспекти кои не мачат веќе се под лупа на инженерите, во моментов се бара компромис кој ќе не подготви за првата трка од следната сезона.

Со што друго можете да го подобрите моторот?

- Мораме да работиме на електрониката, сакаме подобрена контрола на тракцијата, но задоволни сме што имаме добра основа. Можеби е по тешко да се направи добра шасија, отколку добар агрегат. За нас очигледно се ќе биде ново. Во 2015 работите ќе бидат предизвикувачки, знаеме дека имаме многу јака конкуренција, но ние ќе се трудиме да се држиме рамо до рамо со нив, а имаме двајца одлични возачи кои се способни да го направат тоа.

Еспергаро веќе има големо искуство, но бевте ли изненаден од Вињалес, тој изгледаше сосема природно на ГП моторот од првиот круг?

- Маверик поседува голем талент, тоа не е спорно. Погледнете ја само неговата дебитантска сезона во Мото2. Тој има победи во секоја сезона, па дури и во дебитантската. Тој е навистина посебен возач, и среќни сме што го имаме во тимот. Тој е млад, и сака брзо да стане успешен. Од друга страна го имаме и Алеш кој иако има 25 години веќе има големо искуство зад себе. Тој е возачот кој ќе ни помогне да го подобриме моторот.

И вие самите се враќате во МотоГП, директно на фронтот, по неколку годишна пауза...

Многу сум среќен со авантурата која ми претстои бидејќи сум вклучен во проектот од самиот почеток. Во однос на изборот на возачите имав голема улога и мојот глас се слушаше, затоа и успеавме да составиме одличен тим. Во тимот имаме и нови механичари, а од самиот почеток оформивме позитивна атмосфера која е многу пријателска за сите нас. Во моментот она што ни недостасува, е да успееме ги извадиме максималните перформанси од моторот, се надевам дека ќе успееме да го средиме тоа и да се покажеме во вистинско светло.

Извор: motogp.com

comments

Би можело да ве интересира

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

Макпетрол во својот продажен салон го изложи новиот модел на Honda CBR500R.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!