МотоГП тимот на Сузуки на патеката Сепанг во Малезија го тестираше новиот менувач кој ќе биде вграден на GSX-RR MotoGP моторите следната сезона.

valencia testoctmaverick vinales3

МотоГП тимот на Сузуки на патеката Сепанг во Малезија го тестираше новиот менувач кој ќе биде вграден на GSX-RR MotoGP моторите следната сезона.

Сузуки организираше приватно тестирање на патеката Сепанг во Малезија на кое двајцата тест возачи Такуја Цуда и Нобуацу Аоки придружувани од фабричкиот возач Маверик Вињалес го пробаа новиот „seamless“ менувач.

На дво-дневниот тест не присуствуваше вториот возач на Сузуки тимот, Алеш Еспергаро, кој се здоби со повреда на претходниот тренинг заради која мора да паузира 2-3 недели.

Цел на тестот освен новиот менувач беа и гумите на Мишелин, како и унифицираната електроника. Тимот одработи интензивни тестови кои во двата дена варираа во зависност од конфигурацијата на моторите, но според изјавите од тимот возачите среќни ја напуштиле патеката.

Вињалес по тестот изјави дека е возбуден од напредокот кој го видел со новиот менувач, секако голем удел во ова има и електрониката, но во пакет со новите гуми се работи за сет-ап за кој се потребни повеќе подготовки со цел Сузуки да биде конкурентен тим во 2016 година.

Back To Top