Полека поминува фамата околу годинешниот МотоГП шампионат но денеска пристигна интересна информација од тимот на Дукати.

casey stoner sachsenring

Полека поминува фамата околу годинешниот МотоГП шампионат но денеска пристигна интересна информација од тимот на Дукати.

МотоГП тимот на Дукати објави дека Кејси Стонер ќе биде нивниот тест возач за 2016 година. Во изјавата од тимот се потврдува информацијата дека Австралијанецот ќе има прилика да вози и најмалку една трка со вајл карта.

Кејси Стонер кој беше близок со тимот на Хонда се одлучи на ваков чекор највеќе заради неправдата која ја доживеа откако тимот не го одбра него како замена за повредениот Дани Педроса. Иако сите очекуваа на трките на кои недостасуваше Педроса заради операцијата на подлактицата да се појави Стонер, „HRC“ тимот се одлучи за Хироши Аојама.

Стонер ова го доживеа како неправда, но во одлуката за преминување во тимот на Дукати имаше и неговата улога како тест возач за Хонда. Тој неколку пати пред почетокот на сезоната се обиде да укаже на недостатоците на новиот RC213V но неговите забелешки беа одбиени од тимот и од Марк Маркез кој тогаш изјави дека Стонер не може да го тестира и подобри неговиот мотор бидејќи не е МотоГП возач.

Стонер има активен договор со „HRC“ до 31-ви декември, па тимот денеска одби да даде коментар за ситуацијата.

Back To Top