motori stoner-penzijaАктуелниот Светски Шампион во МотоГП, Кејси Стонер, потврди дека на крајот од сезонава ќе ја заврши својата тркачка кариера.

stoner-penzija

Актуелниот Светски Шампион во МотоГП, Кејси Стонер, потврди дека на крајот од сезонава ќе ја заврши својата тркачка кариера.

Возачот на Хонда Репсол тимот пред почетокот на прес конференцијата за претстојниот ГП викенд на патеката ЛеМан ги објави причините за својата одлука.

„По подолго размислување, пред се со мојата сопруга и семејството, всушност размислував за ова во изминативе години но сега падна одлуката, на крајот од сезоната 2012 ќе ја прекинам мојата тркачка кариера. Во 2013 нема да настапувам, ќе ја завршам кариерата оваа сезона и ќе се фокусирам на други работи во животот.“

„По толку многу години поминати правејќи го она што го сакам, години во кои јас и моето семејство направивме многу жртви, по толку многу години трудејќи се да дојдам до позицијата во која сум сега, спортот се промени до тој степен повеќе да не уживам во него. Немам повеќе страст за ова, и сметам дека е подобро да се повлечам.“

„Имаше многу работи кои ме разочараа, но и многу работи заради кои го сакав овој спорт, но за жал точката ја премина негативната линија. Всушност тоа е тоа, би било добро да возам уште една година но знам дека нема да запрам и повторно ќе си го поставам прашањето, каде води тоа? Затоа, одлучив да завршам со се, да останам на нивото на кое сум.“

26 гoдишниот Кејси Стонер ја освои титулата во 2007-ма година со Дукати, истата година во која стапи во брак со својата сопруга Адриана, а минатата година кога ја доби ќеркичката Алесандра, ја освои и својата втора титула со тимот на Хонда. Во моментот тој е водечки во генералниот пласман во пресрет на четвртата рунда која викендов се вози во Франција.

Back To Top