27
Чет, Апр
MotoGP

MotoGP: Следна станица, Захсенринг

Викендов на патеката Захсенринг во Германија се вози деветата рунда од МотоГП шампионатот.

Следете нè на:

 

  gp germanijaПатеката Захсенринг е домаќин на 9-та рунда во шампионатот

Викендов на патеката Захсенринг во Германија се вози деветата рунда од МотоГП шампионатот.

Германското Гранд При се вози на патека со должина од 3,7км, Захсенринг има вкупно 13 свиоци од кои дури 10 се леви и само 3 десни заради што се возат и асиметрични гуми со различна компонента на двете страни. Најголемиот правец има должина од само 700 метри па повторно не се очекува надминување на рекордот на максимална брзина која оваа сезона можно е да го видиме од тимот на Дукати.

Марк Маркез ја однесе победата во Германија минатата година, но во досегашниот тек од шампионатот младиот Шпанец не блесна со сиот свој потенцијал. Во главниот фокус секако се возачите на Јамаха, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо кои секако ќе се обидат да ја продолжат низата на успешни резултати. Роси во моментот е на чело на шампионатот со предност од 10 бода пред Хорхе Лоренцо. Не очекува возбудлива борба во која освен моторите на Хонда и Јамаха во битката за челните позиции се вбројуваат и Дукати но од минатата трки и Сузуки. 

Пренос од сите возбудувања во живо ќе има на СпортКлуб 3 каналот со следниот распоред

SK3 Петок (10.07.2015)
09:00 Moto GP Sachsenring - тренинг 1 Moto 3 во живо
09:55 Moto GP Sachsenring - тренинг 1 Moto GP во живо
10:55 Moto GP Sachsenring - тренинг 1 Moto 3 во живо
13:10 Moto GP Sachsenring - тренинг 2 Moto 3 во живо
14:05 Moto GP Sachsenring - тренинг 2 Moto GP во живо
15:05 Moto GP Sachsenring - тренинг 2 Moto 2 во живо

 

SK3 Сабота (11.07.2015)
09:00 Moto GP Sachsenring - тренинг 3 Moto 3 во живо
09:55 Moto GP Sachsenring - тренинг 3 Moto GP во живо
10:55 Moto GP Sachsenring - тренинг 3 Moto 2 во живо
12:35 Moto GP Sachsenring - квалификации Moto 3 во живо
13:30 Moto GP Sachsenring - тренинг 4 Moto GP во живо
14:10 Moto GP Sachsenring - квалификации Moto GPво живо
15:05 Moto GP Sachsenring - квалификации Moto 2 во живо

 

SK3 Недела (12.07.2015)
08:40 Moto GP Sachsenring - Moto 3 warm up во живо
09:10 Moto GP Sachsenring - Moto 2 warm up во живо
09:40 Moto GP Sachsenring - Moto GP warm up во живо
11:00 Moto GP Sachsenring - Moto 3 трка во живо
12:20 Moto GP Sachsenring - Moto 2 трка во живо
14:00 Moto GP Sachsenring - Moto GP трка во живо
15:30 Red Bull Moto GP Rookies Cup: Sachsenring трка 2 во живо

За оние кои го немаат СпортКлуб 3 каналот во својата понуда, стриминг ќе биде достапен на следниот линк: http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!