MotoGP

MotoGP: Следна станица, Каталуња

МотоГП шампионатот дојде до 7-та рунда (од вкупно 18) која викендов се вози на патеката Каталуња во Шпанија.

Следете нè на:

 

gp katalunyaМотоГП возбудувањата продолжуваат со седмата рунда која се вози на Каталуња

МотоГП шампионатот дојде до 7-та рунда (од вкупно 18) која викендов се вози на патеката Каталуња во Шпанија.

По случувањата во изминатите шест рунди во генералниот пласман водечки е Валентино Роси кој има предност од 6 поени пред Хорхе Лоренцо, додека пак Андреа Довициозо е на третата позиција. Актуелниот шампион Марк Маркез во моментот се наоѓа на петтата позиција со 69 поени, 49 помалку од водечкиот Роси.

Каталуња е патека која им е наклонета на возачите на Јамаха, Валентино Роси овдека има забележано шест победи (2001, 2002, 2004, 2005, 2006 и 2009), додека пак Хорхе Лоренцо има забележано 3 победи (2010, 2012 и 2013). Минатата година Каталуња ја освои Марк Маркез.

Каталуња е патека со должина од 4.7км, составена е од 5 леви и 8 десни свиоци и правец со должина од 1047 метри.

Возбудувањата во живо ќе можат да се следат на СпортКлуб 3 каналот според следниот распоред:

SK3 Петок (12 јуни)
09:00 Moto GP Catalunya: Moto 3 - Тренинг 1 Во живо
09:55 Moto GP Catalunya: Moto GP - Тренинг 1 Во живо
10:55 Moto GP Catalunya: Moto 2 - Тренинг 1 Во живо
13:10 Moto GP Catalunya: Moto 3 - Тренинг 2 Во живо
14:05 Moto GP Catalunya: Moto GP - Тренинг 2 Во живо
15:05 Moto GP Catalunya: Moto 2 - Тренинг 2 Во живо

 

SK3 Сабота (13 јуни)
09:00 Moto GP Catalunya: Moto 3 - Тренинг 3 Во живо
09:55 Moto GP Catalunya: Moto GP - Тренинг 3 Во живо
10:55 Moto GP Catalunya: Moto 2 - Тренинг 3 Во живо
12:35 Moto GP Catalunya: Moto 3 - Квалификации Во живо
13:30 Moto GP Catalunya: Moto GP - Тренинг 4 Во живо
14:10 Moto GP Catalunya: Moto GP - Квалификации Во живо
15:05 Moto GP Catalunya: Moto 2 - Квалификации Во живо

 

SK3 Недела (14 јуни)
08:40 Moto GP Catalunya: Moto 3 - Warm up Во живо
09:10 Moto GP Catalunya: Moto 2 - Warm up Во живо
09:40 Moto GP Catalunya: Moto GP - Warm up Во живо
11:00 Moto GP Catalunya: Moto 3 - Трка Во живо
12:20 Moto GP Catalunya: Moto 2 - Трка Во живо
14:00 Moto GP Catalunya: Moto GP - Трка Во живо

За оние кои го немаат СпортКлуб 3 каналот во својата ТВ понуда, стриминг од трките ќе биде достапен на следниот линк: http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!