Малезискиот возач Хафиз Сиахрин ќе остане дел од Tech 3 и следната сезона и покрај тоа што францускиот тим ќе се префрли на машините на КТМ.

Одличниот дебитански настап му овозможи, како што вели самиот,да му биде понудена животна шанса.

„Тешко ми е дури да го кажам тоа и самиот да поверувам. Прво, морам да му се заблагодарам на Ерв што верува во мене и што ми ја овозможи шансата да останам дел од Tech 3, а во исто време да и се приклучам и на фамилијата КТМ. Исто така морам да му се заблагодарам и на мојот менаџер, Дато Разлан, кој овозможи да ми се оствари сонот за настап во MotoGP класата. Исто така им благодарам и на КТМ што веруваат во мене и во Ерв.“

syahrin 2019

„Ќе работам напорно и ќе бидам подготвен во 2019 година, бидејќи тоа за мене нема повеќе да биде дебитанска сезона. Неверојатно сум среќен што ја добивам оваа шанса. Им благодарам на сите, а особено на Ерв и Разлан што секогаш веруваа во мене.“

Со оглед на тоа дека Сиахрин во моментов е најдобар меѓу дебитантите, и шефот на тимот, Ерв Поншарал потврди дека следната сезона тој ќе настапува со мотоциклот на Австрискиот производител.

„Уште од првиот пат кога го видов како вози, сакав Хафиз да настапува за нас уште една сезона бидејќи првата година е важна за учење на се што ви е потребно додека пак веќе во втората треба да се докажете. Секако, тоа што КТМ ни потврди дека сите четири нивни мотоцикли кои ќе бидат на патеката во 2019 година ќе имаат исти спецификации е од големо значење за Хафиз.“

„Тој ќе настапи со истиот мотоцикл со кој ќе возат и Мигел Оливеира, Јохан Зарко и Пол Еспаргаро и тоа е голем предизвик. Многу сум среќен што заедно со Хафиз ќе бидам дел од овој предизвик, а секако тука ќе биде и поддршката на Разлан. Мислам дека го имаме најдобриот возач кој би можеле да го имаме за следната сезона и сигурен сум дека одлично ќе соработува и ќе бидат добар тим со Мигел Оливеира “

Back To Top