27
Чет, Апр
MotoGP

MotoGP: Што мислат возачите за новиот систем за комуникација?

Како што веќе најавивме во МотоГП се подготвуваат измени во начинот на кој тимовите ќе комуницираат со возачите за време на трките. Во продолжение да погледнеме што мислат возачите за новиот предлог.

Следете нè на:

 

Како што веќе најавивме во МотоГП се подготвуваат измени во начинот на кој тимовите ќе комуницираат со возачите за време на трките. Во продолжение да погледнеме што мислат возачите за новиот предлог.

flag alerts embedded in the new motogp dashboards 77819 7

Валентино Роси:

„Добро е, се согласувам. Но би сакал да има и радио комуникација за време на трката,а особено ако почне да врне дожд (Flag to flag) би било од корист. Би било добро и за безбедноста. Ако имаш некаков проблем со моторот или со маслото, во ред е. Исто така се чини дека секогаш носам погрешна одлука, а со пораките на контролната табла ќе биде подобро.“

Андреа Довициозо:

„Се согласувам, особено во однос на безбедноста. Има некои навистина важни пораки што ќе ја подобрат безбедноста. Ако некој падне пред вас, контролорите се таму за да реагираат. Но не се согласувам да има премногу пораки. Кога возиш е тешко да ги прочиташ. Важно е да има само безбедносни пораки и да нема други податоци, како на пример времињата на секој возач.“

Марк Маркез:

„За мене  една од најдобрите работи кај трките е што имаш цел тим зад тебе, но кога си на патеката, тогаш си сам. Мораш сам да донесеш одлука. Поради таа причина тимовите не плаќаат, да носиме одлуки и секој пат да бидеме најбрзи. Една од работите што не ми се допаѓаат кај Формула 1 е дека повеќето од времето тимовите се главни. Исто така и правилото за дожд е во ред. На пример во Германија, јас бев оној кој го промени мотоциклот во вистинскиот момент но можеби со ова работите ќе бидат поинакви. Но, тоа е убавата работа кај трките.“

Кал Кратчлоу:

„Подобро тоа отколку некој да ви вика на уво на половина од кругот.Но мислам дека некој навистина сака да го воведе тоа и дека на крајот ќе успее. Не знам само кој е тој. Знам дека некои возачи го бараат и можеби на крајот и ќе го добијат. Ќе биде задолжително. Но нема да треба да го читам, така? Главниот проблем е како ќе им одговорам? Во ред е да го прочиташ тоа, главниот проблем е нашиот одговор до тимот а не обратно. Што би можеле да ти кажат? Влези во бокс? Патеката е сува? Тие не возиш и не можеш да донесеш таква одлука! Не знам што би можеле да ни кажат. Мислам дека не е премногу добра идеја.  Во Германија реков дека ако влезев два круга пред Маркез во боксот, ќе победев. И не влегов. Ги следев возачите кои имаат најмногу победи. На крајот на денот мислам дека тоа немаше да ја промени мојата одлука. Го направив тоа што го направија и тие. Требаше да влезам во бокс, но тимот мислеше поинаку.“

Јуџин Лаверти:

„Ја видов само најавата. И не сакам повеќе да слушнам за тоа. Звучи лудо. Има друго решение. Наместо да го правиме тоа на секој сектор посебно, некој би можел да држи табла. Така е побезбедно и можеш подобро да погледнеш. Не ми се допаѓа оваа идеја и мислам дека не е неопходна.“

Маверик Вињалес:

„(Во однос на тоа дали е добра идејата) Зависи од пораката. Ако е само за бокс, ОК или сектор 3, тогаш е во ред.  Но ако праќаш подолги пораки, тогаш ќе биде тешко, речиси невозможно.“

 

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!