„Многу сум среќен што заминувам во Херез со мала предност во шампионатот бидејќи мислам дека нашите ривали ќе бидат многу силни“ – Марк Маркез

И покрај тешкиот период кој го имаа во текот на зимата, Марк Маркез и Honda успеаја да остварат две победи во првите три трки и со 21 поен предност заминуваат на трката во Херез која ќе се оддржи овој викенд. Единствената претходна победа на оваа патека Маркез ја оствари во 2014 година кога имаше 10 победи по ред.

markez herez 16

Актуелниот првак Лоренцо, кој потврди дека во 2017 година ќе премине во Ducati, во моментов е единствениот ривал на Маркез во борбата за титулата.

„Многу сум среќен што заминувам во Херез со мала предност во шампионатот бидејќи мислам дека нашите ривали ќе бидат многу силни“, изјави Маркез.

„Исто така сум задоволен и од работата што ја направивме со мојот тим бидејќи постепено напредувавме чекор по чекор. Поставивме добра основа на трката во Катар и понатаму се надградувавме во неколку области, како што се моторното сопирање и електрониката, особено во Аргентина и Тексас.“

„Но во секој случај, има простор за напредок, особено при забрзувањето. Покрај тоа, патеките во Европа се различни и се направени од поинаков материјал. Ќе мораме да почекаме и да видиме како ќе се справиме со ситуацијата.“

„Среќен сум што ќе се вратам во Шпанија. Натпреварувањето пред домашната публика секогаш ми буди убаво чувство и ми дава дополнителна мотивација.“

Овој период минатата година Маркез беше на петтото место и имаше 36 поени. Потписот на Лоренцо за Ducati речиси сигурно ќе значи и останување на Маркез во тимот на Honda.

Back To Top