MotoGP

MotoGP: Сезоната и официјално започна со првиот тренинг во Катар

Сезоната 2015 во МотоГП шампионатот и официјално започна со првиот слободен тренинг кој се вози пред трката во недела на патеката Лосаил во Катар.

Следете нè на:

 

5514614d523138.76089721Најдобро време за Маркез на првиот официјален тренинг во 2015

Сезоната 2015 во МотоГП шампионатот и официјално започна со првиот слободен тренинг кој се вози пред трката во недела на патеката Лосаил во Катар.

Фабулозната патека Лосаил во Катар беше изградена во 2004 година за цена од 58 милиони долари, а првата ноќна трка по која е позната патеката се одржа во 2008 година. Од тогаш до денес возењето по патеката со должина од 5,4 километри стана синоним за спектакуларни трки, светлата од рефлекторите само го надополнуваат адреналинот од правецот со должина поголема од 1 километар на кој се развива скоро 350км/ч.

Денешниот прв официјален тренинг помина во знакот на Хонда, Марк Маркез повторно постави најдобро време, а неговиот клубски колега Дани Педроса доцнеше само 76 стотинки зад него. Фантастичен старт имаше и тимот на Сузуки, Алеш Еспергаро возеше со време од 1'55.685, доволно за третата позиција. 

Најдобар возач од Јамаха беше Лоренцо кој имаше четврто време, додека пак Валентино Роси забележа само 9-то време. Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда се најде зад Лоренцо, додека пак провизорниот втор ред го затвори Данило Петручи на Дукати. До трката во недела не очекуваат уште три тренинзи и квалификации, тимовите и возачите имаат доволно време да се подготват за она што треба да биде фантастичен старт на сезоната 2015.

Според агендата денеска се вози првиот тренинг во МотоГП класата, вториот тренинг на програмата е утре (петок) со почеток од 16 часот по наше време, а третиот тренинг започнува во 18.55. Во сабота четвртиот тренинг започнува во 17.55, а веднаш по тоа се двете квалификациски сесии од кои Q2 (сесијата со која се одредуваат почетните 12 возачи) на програмата е во 19 часот. Во недела трката започнува во 20.00 часот. Мото 3 класата стартува во 17.00, а Мото2 во 18.20.

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 343.7 1'55.281  
2 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 347.3 1'55.357 0.076 / 0.076
3 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 328.8 1'55.685 0.404 / 0.328
4 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 338.4 1'55.698 0.417 / 0.013
5 35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda 340.2 1'55.818 0.537 / 0.120
6 9 Danilo PETRUCCI ITA Pramac Racing Ducati 341.2 1'55.939 0.658 / 0.121
7 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 345.0 1'55.980 0.699 / 0.041
8 68 Yonny HERNANDEZ COL Pramac Racing Ducati 343.5 1'56.139 0.858 / 0.159
9 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 338.4 1'56.162 0.881 / 0.023
10 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati 344.4 1'56.315 1.034 / 0.153
11 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 344.6 1'56.361 1.080 / 0.046
12 45 Scott REDDING GBR Estrella Galicia 0,0 Marc VDS Honda 338.1 1'56.374 1.093 / 0.013
13 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 343.7 1'56.428 1.147 / 0.054
14 6 Stefan BRADL GER Athinà Forward Racing Yamaha Forward 336.2 1'56.577 1.296 / 0.149
15 17 Karel ABRAHAM CZE AB Motoracing Honda 334.1 1'56.651 1.370 / 0.074
16 15 Alex DE ANGELIS RSM Octo IodaRacing Team ART 326.7 1'56.768 1.487 / 0.117
17 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 330.6 1'56.922 1.641 / 0.154
18 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati 340.1 1'56.957 1.676 / 0.035
19 43 Jack MILLER AUS CWM LCR Honda Honda 338.4 1'56.983 1.702 / 0.026
20 76 Loris BAZ FRA Athinà Forward Racing Yamaha Forward 332.9 1'57.031 1.750 / 0.048
21 69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda 331.4 1'57.052 1.771 / 0.021
22 19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 331.8 1'57.130 1.849 / 0.078
23 50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda 336.3 1'57.224 1.943 / 0.094
24 63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati 338.4 1'57.612 2.331 / 0.388
25 33 Marco MELANDRI ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 333.6 1'59.579 4.298 / 1.967

SportKlub каналот ќе врши пренос во живо од следните сесии:

Петок на SportKlub 1:
- Тренинг 2 од 16.00

Сабота на SportKlub 3:
- Квалификации Мото3 од 16.00
- Квалификации Мото2 од 16.55
- Тренинг 4 МотоГП од 17.55
- Квалификации МотоГП од 18.35

Недела на SportKlub 3:
- Загревање Мото3 од 14.50
- Загревање Мото2 од 15.25
- Загревање МотоГП од 16.00
- Трка Мото3 од 17.00
- Трка Мото2 од 18.20
- Трка МотоГП од 20.00

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!