24
Чет, Авг
MotoGP

MotoGP: Шеста победа за Маркез по инцидентот со Педроса

Марк Маркез дојде до шестата победа во шампионатот и со тоа остана на првата позиција во генералниот пласман на само четири трки до крајот.

Следете нè на:

 

46rossi93marquez  s5d5168 originalШеста победа за Маркез во сезоната

Маркез при допирот го скинал кабелот за контрола на тракцијата што придонесе Педроса да летне од моторот

Марк Маркез дојде до шестата победа во шампионатот и со тоа остана на првата позиција во генералниот пласман на само четири трки до крајот.

Маркез кој ја започна трката од пол позицијата го загуби првото место од Хорхе Лоренцо на самиот старт. Возачот на Јамаха веднаш успеа да направи разлика за која сите мислеа дека веќе е недостижна, но двајцата возачи на Хонда веднаш ги демантираа.

2013 r14 race pic 1Фантастично возење за Маркез во Арагон

Дани Педроса успеа да го помине Маркез во петтиот круг од трката и притоа да ја стопи предноста на Лоренцо, но во шестиот круг се случи она што никој не го посакуваше и ретко се гледа во МотоГП. При влезот во свиокот Маркез направи лоша проценка, излезе широко и при враќањето назад дојде до мал допир со моторот на Педроса. За жал при контактот Маркез го скинал кабелот за контрола на тракцијата на хондата која ја возеше Педроса и веднаш потоа бевме сведоци на брутален хајсајд за Дани.

За Педроса ова е уште еден удар во кариерата, тој постојано е на врвот, а никако да дојде до толку посакуваната шампионска титула. Ако се знае дека на четири трки до крајот во генералниот пласман тој заостанува со 59 бода зад водечкиот Маркез, можеме да кажеме дека ќе треба да се случи чуда за оваа сезона Педроса да ја освои титулата.

По инцидентот Маркез заостануваше 2 секунди зад Лоренцо, разлика која успеа да ја стопи, а веднаш потоа и да го помине Лоренцо на патот кон шестата победа во сезоната.

rossi-aragonВозбудлива борба за третата позиција

Валентино Роси успеа да се искачи на подиумот откако водеше вистинска борба за третата позиција со Алваро Баутиста. Во борбата за третата позиција беа и Штефан Брадл како и Кал Крачлоу кои ја сочинуваа четворката која возеше на 12 секунди зад водечкиот Маркез.

Следната трка во МотоГП шампионатот се вози на патеката Сепанг во Малезија на 13-ти октомври.

Поз.Бод.Бр.ВозачТимМоторКм/чВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 166.6 42'03.459
2 20 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 166.5 +1.356
3 16 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 165.7 +12.927
4 13 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 165.7 +13.787
5 11 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 165.7 +13.973
6 10 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 165.6 +14.662
7 9 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 164.5 +31.220
8 8 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 163.9 +40.671
9 7 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 163.1 +53.413
10 6 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 163.0 +55.067
11 5 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 162.8 +58.001
12 4 68 Yonny HERNANDEZ Ignite Pramac Racing Ducati 162.4 +1'05.513
13 3 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 162.3 +1'06.589
14 2 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 162.2 +1'08.674
15 1 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 162.1 +1'09.130
16   5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 161.9 +1'12.041
17   23 Luca SCASSA Cardion AB Motoracing ART 159.9 +1'45.152
18   67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 159.9 +1'45.228
19   52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 159.9 +1'45.583
Без пласман
    8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 157.8 15 круга
    26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 166.7 18 круга
    50 Damian CUDLIN Paul Bird Motorsport PBM 152.2 20 круга
    9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter   0 круга
    70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport ART   0 круга

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!