28
Сре, Јун
MotoGP

МотоГП се враќа овој викенд со трката во Индијанаполис

Популарната патека Инди ќе биде домаќин на 10-та рунда од МотоГП шампионатот која се вози овој викенд во САД.

Следете нè на:

 

2013 motogp marquez dominates the entire indianapolis weekend completes us hat trick 2Возбудувањата во МотоГП шампионатот продолжуваат овој викенд

Популарната патека Инди ќе биде домаќин на 10-та рунда од МотоГП шампионатот која се вози овој викенд во САД.

Патеката со должина од 4,2 км е сочинета од 16 свиоци, 10 леви и 6 десни и правец со должина од 872 метри. Првата трка на оваа патека е оддржана во далечната 1909 година, а МотоГП возачите за прв пат имаа прилика да ја пробаат во 2008 година. Иако за потребите на МотоГП беа направени бројни модификации на патеката, дел од овалната патека сеуште е во употреба.

Минатата година Марк Маркез заврши на првата позиција, следен од Лоренцо и Роси, а годинава се очекува голема борба за првата позиција со оглед на моменталната состојба во генералниот пласман. Валентино Роси е на чело на табелата со 179 поени, Лоренцо е втор со 166, а Маркез е на четвртата позиција со 114. Возачот на Дукати тимот, Андреа Јанон е на третата позиција со 118 поени.

Спорт Клуб ќе врши пренос од сите возбудувања започнувајќи од петок според следниот распоред:

  Петок (07.08.2015) Sport Klub 1
15:00 Moto GP Indianapolis – Тренинг 1 Moto 3 Во живо
15:55 Moto GP Indianapolis – Тренинг 1 Moto GP Во живо
16:55 Moto GP Indianapolis – Тренинг 1 Moto 2 Во живо
   
  Петок (07.08.2015) - Sport Klub 3
19:10 Moto GP Indianapolis - Тренинг 2 Moto 3 Во живо
20:05 Moto GP Indianapolis - Тренинг 2 Moto GP Во живо
21:05 Moto GP Indianapolis - Тренинг 2 Moto 2 Во живо

 

  Сабота (08.08.2015) - Sport Klub 3
15:00 Moto GP Indianapolis - Тренинг 3 Moto 3 Во живо
15:55 Moto GP Indianapolis - Тренинг 3 Moto GP Во живо
16:55 Moto GP Indianapolis - Тренинг 3 Moto 2 Во живо
18:35 Moto GP Indianapolis - Квалификации Moto 3 Во живо
19:30 Moto GP Indianapolis - Тренинг 4 Moto GP Во живо
20:10 Moto GP Indianapolis - Квалификации Moto GPВо живо
21:05 Moto GP Indianapolis - Квалификации Moto 2 Во живо

 

  Недела (09.08.2015) - Sport Klub 3
17:00 Moto GP Indianapolis - Трка Moto 3 Во живо
18:20 Moto GP Indianapolis - Трка Moto 2 Во живо
20:00 Moto GP Indianapolis - Трка Moto GP Во живо

За оние кои го немаат Спорт Клуб каналот во својата ТВ понуда, стриминг ќе биде достапен на следниот линк: http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!