Утре со првите тренинзи започнува 8-та рунда од МотоГП шампионатот која се вози на патеката Асен во Холандија.

dani pedrosa 26 marc marquez 93 motogp repsol honda assen 47

Утре со првите тренинзи започнува 8-та рунда од МотоГП шампионатот која се вози на патеката Асен во Холандија.

Патеката на која се вози „Motul TT Assen“ гранд при трката е со должина од 4.5км, исполнета е со свиоци и кратки правци, па така на патеката има 6 леви и 12 десни свиоци и најдолг правец од само 487 метри. 

Трибините на Асен секогаш се исполнети до последното место, екстравагантната атмосфера која ја има само на оваа патека е благодарение на тесната патека која овозможува гледачите да бидат поблиску до своите фаворити и да следат повеќе свиоци наеднаш. Асен е единствената патека во шампионатот на која од 1949 година до денес се одржуваат трки.

Асен е карактеристична и по терминот на одржување на трките, Холандската патека е единствената на која финалето е во сабота, наместо во недела како на другите рунди. Традиционално, трката се одржува во последната сабота од месец јуни, историјата на саботната трка е од самите почетоци кога заради религиозни причини неделата била одбегнувана како ден во кој се возеле трки.

Возбудувањата започнуваат утре (четврток), со директен пренод на СпортКлуб 3 каналот според следниот распоред:

09:00 Moto GP Assen - Moto 3 Тренинг 1 во живо
09:55 Moto GP Assen - Moto GP Тренинг 1 во живо
10:55 Moto GP Assen - Moto 2 Тренинг 1 во живо
13:10 Moto GP Assen - Moto 3 Тренинг 2 во живо
14:05 Moto GP Assen - Moto GP Тренинг 2 во живо
15:05 Moto GP Assen - Moto 2 Тренинг 2 во живо

Во петок следуваат квалификациите:

09:00 Moto GP Assen - Тренинг 3 Moto 3 во живо
09:55 Moto GP Assen - Тренинг 3 Moto GP во живо
10:55 Moto GP Assen - Тренинг 3 Moto 2 во живо
12:35 Moto GP Assen - Квалификации Moto 3 во живо
13:30 Moto GP Assen - Тренинг 4 Moto GP во живо
14:10 Moto GP Assen - Квалификации 1 и 2 Moto GP во живо
15:05 Moto GP Assen - Квалификации Moto 2 во живо
16:30 Red Bull Rookies Cup: Assen - Трка 1 во живо

Во сабота на програмата се трките:

08:40 Moto GP Assen - Moto 3 Warm Up во живо
09:10 Moto GP Assen - Moto 2 Warm Up во живо
09:40 Moto GP Assen - Moto GP Warm Up во живо
11:00 Moto GP Assen – Трка Moto 3 во живо
12:20 Moto GP Assen – Трка Moto 2 во живо
14:00 Moto GP Assen – Трка Moto GP во живо
15:30 Red Bull Rookies Cup: Assen - Трка 2 во живо

За оние кои го немаат СпортКлуб 3 каналот во својата ТВ понуда, стриминг ќе биде достапен на следниот линк: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Back To Top