Додека работите се одвиваа добро за Маверик Вињалес на тестот кој се оддржа на Филип Ајленд, ситуацијата не беше иста и за неговиот тимски колега Валентино Роси. Тој имаше тешко три дневно тестирање на патеката на која вообичаено е одличен.

Додека работите се одвиваа добро за Маверик Вињалес на тестот кој се оддржа на Филип Ајленд, ситуацијата не беше иста и за неговиот тимски колега Валентино Роси. Тој имаше тешко три дневно тестирање на патеката на која вообичаено е одличен.

За време на тестот, Роси напорно работеше да собере што е можно повеќе информации со цел да дознае како подобро да ги сочува пневматиците за вториот дел од трката. Но, бидејќи често влегуваше и излегуваше од гаражата, а и поради фактот дека поголем дел од времето возеше со веќе искористени гуми, Роси не го постигна очекуваниот резултат.

rosi test fi

Тој извозе само половина од круговите што ги извозеа неговите ривали, а исто така не настапи и на тркачката симулација.

„Се обидовме да работиме на темпото за вториот дел од трката бидејќи таму имавме најмногу проблеми минатата сезона. Се обидовме да направиме нешто различно но на крајот не се подобривме многу. Затоа мораме да пробаме нешто друго. Мислам дека мотоциклот има голем потенцијал, особено моторот, но со сигурност можам да кажам дека овој тест за мене беше многу потежок од останатите. Не сум многу задоволен.“

„Мораме да бидеме подобри во Катар. Имаме и други работи да пробаме.“

Сепак, една од работите за која Роси можеше да одлучи за време на настапот на Филип Ајленд беше во однос на тоа која шасија ќе ја употребува во новата сезона. Тој се одлучи за верзијата која ја испроба на тестот во Сепанг.

Дизајнирана специјално да го оддржи квалитетот на пневматиците до крајот на трката, Италијанецот одлучи на трките да настапува со неа наместо со онаа која беше на моделот за сезоната 2016.

Back To Top