Валентино Роси поднесе официјална жалба до Арбитражниот суд за спорт против одлуката на ФИМ за казнените поени кои му беа доделени по трката во Сепанг.


rossi valencia

Валентино Роси поднесе официјална жалба до Арбитражниот суд за спорт против одлуката на ФИМ за казнените поени кои му беа доделени по трката во Сепанг.

Во барањето на Валентино Роси (барањето е поднесено од самиот возач, не од тимот) се бара анулирање на негативните поени кои му беа доделени по трката во Сепанг од страна на дирекцијата на трката. Тој меѓу другото бара и во периодот во кој треба да одлучи Арбитражниот суд за спорт (период до 6 месеци) да му биде паузирана казната која ја доби од ФИМ.

Доколку Роси добие позитивен одговор на барањето, следниот викенд тој ќе вози квалификации и ќе стартува од она место за кое ќе се избори. ФИМ за сега потврди само дека ја доби жалбата од Роси, нема никаков одговор и казната сеуште е на сила. 

Судот со седиште во Лозана веднаш по пресот на ФИМ излезе со свое соопштени во кое потврди дека Валентино Роси поднел жалба до нив во врска со негативните поени добиени по трката во Сепанг. Судот објави дека најдоцна до петок (6-ти ноември) ќе одлучи дали ќе ја процесира жалбата на Роси, доколку се произнесат позитивно, казната на Роси ќе биде паузирана и судот ќе одлучува во периодот кој следи за исходот. Во овој случај Роси во Валенсија ќе вози квалификации, а потоа доколку судот ја потврди казната, тој ќе стартува од последната позиција на првата трка во 2016 година.

Back To Top